Горан Лефков е новиот претседател на СКУП
Искусниот истражувачки новинар, Горан Лефков, е новиот претседател на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Оваа одлука беше едногласно донесена во рамки на редовното изборно собрание на организацијата, каде меѓу другото се направија промени и во останатите раководни структури. Лефков е трет претседател на СКУП, организација која од основањето во две последователни мандати беше водена од Џелал Незири, додека во последните четири години на чело беше Зоран Иванов. Нови членови на бордот на основачи за прв пат влегуваат познатите новинари Кристина Атовска и Иван Бојаџиски, како и професорката на студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје, Јасна Бачовска- Недиќ. Освен Незири и Иванов, од управните тела заминаа и Жаклина Хаџи- Зафирова и Александар Божиновски, двајцата основоположници на истражувачкото новинарство во Северна Македонија и ко-основачи на СКУП-Македонија. Лефков е долгогодишен истражувачки новинар и граѓански активист. Тој е дел од СКУП од самото основање во 2011, работејќи на неколку влијателни истражувачки … Continue reading Горан Лефков е новиот претседател на СКУП
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed