Градоначалникот на Росоман не пријавил имотната состојба, а 15 други пријавиле имот, но не и вредност во него

Неодамна, тимот на СКУП направи анализа за тоа кои се најбогатите, а кои најсиромашните градоначалници во Македонија. Во оваа анализа пренесуваме кои се најмалку транспарентите градоначалници, оние кои за поголемиот дел од имотот немаат наведено вредност. На листата на најмалку транспарентни градоначалници се најдоа дури 16 градоначалници од вкупно 81 колку што ги има на ниво на цела држава. Пишува: Кристијан Трајчов Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими кој е богат „само“ 4.065 евра, ја предводи листата на градоначалници кои пријавиле имот, но не пријавиле вредност на поголемиот дел од имотот. За две куќи, земјиште, деловен простор и моторно возило не е наведено колкава вредност имаат. Полош од него е само Стојан Николов, градоначалник на Росоман. За него не најдовме имотен лист во евиденцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Поставивме прашања до Општина Росоман, но до објавувањето на овој текст, одговор не добивме. Градоначалникот на општина Богданци … Continue reading Градоначалникот на Росоман не пријавил имотната состојба, а 15 други пријавиле имот, но не и вредност во него