Доделени трите најдобри награди за истражувачки стории за корупција

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија „Социетас Цивилис Скопје“ додели награди за трите најдобри новинарски истражувачки стории на тема корупција.

Првото место го освои сторијата „Владата потроши милијарда евра за субвенции, а увозот на храна е удвоен“ на Влатко Стојановски, новинар од неделниот весник „Фокус“.

Новинарот Владо Ѓорчев од порталот „Мета“ со својата сторија „Превозниците од Транспотер не сопреа, туку тераат по старо па и уште побрзо“ го освои второто место, додека третото место беше доделено на Кристина Озимец, новинарка од порталот „НоваТв“ за истражувачката сторија „Конфискација на имот“.

„Храбрите и независни медиуми можат да ја осветлат темнината каде што владее корупцијата. Како граѓани се потпираме на истражувачката работа на новинарите да ги откријат проблемите. Новинарите исто така помагаат да се оформи нашето мислење за измамата и корупцијата. Тоа е драгоцена јавна служба и треба сериозно да се земе предвид“ – вели советничката за односи со јавност во Американската амбасада во Скопје, Лаура Браун.

Доделувањето на наградите се оддржа во хотел „Арка“ во Скопје, а на конкурсот се пријавиле 10 новинари од кои 9 ги комплетирале своите истражувачки стории.

(Б.С)

Оставете коментар

коментар(и)