Власта носи пари, а за опозицијата „ трошки “

Владејачката СДСМ за двојно го зголемила буџетот споредено со 2016 година, за разлика од нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, кај која, пак, двојно се намалиле приходите во последниве четири години откако изгубија на парламентарните избори. Салдата растат и кај ДУИ и ДПА ДОКУМЕНТИ Пишува: Жаклина Хаџи-Зафирова Две илјади и деветнаесетта година за некого заврши лошо, но некому му донесе насмевка на лицето. Вака накратко може да се опише чувството кога ќе се погледнат завршните сметки на најголемите партии во земјава. Владејачката СДСМ за двојно го зголемила буџетот споредено со 2016 година, за разлика од нивните политички опоненти, ВМРО-ДПМНЕ, кај кои, пак, двојно се намалиле приходите во последниве четири години откако изгубија на парламентарните избори. Но, ова не е единственото поле на кое во последниве години губи партијата на Мицковски. Поголемиот дел од нивниот имот е замрзнат поради судски процеси, а...

НОСИТЕЛИ НА ИЕ2: „ЖЕШКА“ ТРКА НА КЛУЧНИ ПАРТИСКИ ИМИЊА

Во рамките на проектот ПЕП, СКУП продолжува да ги објавува профилите на носителите на изборните листи, со осврт на нивната имотна состојба. Пишуваат: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Лидерите на парламентарните партии ниту на нивната втора средба не успееја да се согласат за датумот за одржување на парламентарните избори. Јуни, јули или август – се месеците каде СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бараат ден кога граѓаните ќе го кажат нивниот став, и покрај неможноста да се предвиди дали дотогаш ќе го снема ризикот од вирусот КОВИД-19. „Жешко“ се очекува да биде и во Изборната единица 2, каде како носители на кандидатските листи се Оливер Спасовски и Сања Лукаревска од СДСМ, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ и Африм Гаши од коалицијата Алијанса на Албанците-Алтернатива. Оваа изборна единица опфаќа територија на 10 општини од Град Скопје и северниот дел на...

НОСИТЕЛИ НА ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА: КОЛКУ СЕ БОГАТИ?

Во рамките на проектот ПЕП (Политички изложени личности), СКУП ќе ги прикажува биографиите на носителите на кандидатските листи во сите изборни единици, со посебен фокус на нивната имотна состојба. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Се беше подготвено за почеток на големата изборна трка за власта во Северна Македонија, која требаше да заврши на 12-ти април, кога граѓаните ќе одлучуваа кој да ја води државата во наредните години. Но, тоа што изгледаше дека е далечен проблем кој ја засега само Кина и нејзините соседи, за кратко време стана глобален проблем. Пандемијата предивикана од Корона вирусот, која кон крајот на февруари стигна и во С.Македонија, ги принуди политичарите да седнат на заедничка маса и да ги одложат предвремените парламентарни избори. Иако официјално се уште не беше започната кампањата, тие веќе започнаа со подготовки. На овој начин целиот изборен процес беше...

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ИЗНЕСЕ НА ПОВРШИНА ДЕФЕКТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Пишува: Екипа на СКУП Вкупно 37 лекари можат да се избројат на веб сајтот на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, која беше прва на удар за потешките случаи на заразени со Корона вирусот. Но реално, најпрвин биле ангажирани само 7 доктори специјалисти за потоа нивниот број да прерасне во 12, кои работат распределени во 4 групи и на кои им помагаат за цело време само лекарите специјализанти. Нејасно е за јавноста зошто не се ангажирани другите лекари и дали истите се на боледување или имаат други причини. Одделот за респираторни инфективни болести има само 4 доктори и пет сестри. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 2018 година, на оваа клиника има 129 кревети.  НЕДОСТИГ НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ „Обезбеденоста со лекари во општите и клиничките болници е релативно добра,...

НОВИНАРИТЕ АЛАРМИРААТ – НОВИНАРСТВОТО И ПОНАТАМУ СЕ ДЕВАЛВИРА

Автор: Мирјана Василева Новинарот Христо Ивановски смета дека, и покрај модерните трендови, се уште кај нас има медиуми кои се блиски до власта и опозицијата. „Се додека медиумите се под влијание на различни центри на моќ, нема да има професионално новинарство. Постојано во медиумите се таргетираат новинари за да напишат нарачан текст или само да го прочитаат, иако и самите тие во моментот често пати не знаат која е позадината“, вели Ивановски. Во последниот период, додава тој, „сведоци сме дека има подобрувања во новинарството, но потребно е поголема одговорност. Во некои редакции постојано има притисоци и често пати доколку новинарот одбие да пишува пристрасно за одредена тема, се соочува со казна од плата или закани за отказ ,доколку не направи онака како што му е кажано“. „За ова е потребно охрабрување, новинарот со издржани аргументи да ги одбива таквиот...

ИСТРАЖУВАЊЕ: КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ НА МЕДИУМИТЕ?

Автор: Мирјана Василева За потребите на оваа сторија реализиравме анкета со 30 новинари од печатени и електронски медиуми во земјава, која е спроведена во периодот од 20 ноември до 20 декември 2019 година. Според резултатите од анкетата, клиентелистички практики и корупција во медиумите постоеле и за време на претходната и за време на оваа власт. Поголем дел од новинарите одговорија потврдно на прашањето дали имало клиентелистички пракси во медиумите за време на претходната власт. На прашањето „Дали клиентелистичките практики во медиумскиот простор се присутни и денес, за време на оваа влада“, 86,6 отсто одговорија со„да“. Околу тоа, кои се најмалку трите причини кои што се користат за влијание врз медиумите и новинарите резултатите покажаа дека најголем дел од новинарите сметаат дека најголема причина  е финансирањето на медиумите и поединците, помал број сметаат дека тоа се политичките притисоци кои се...

Оставете коментар

коментар(и)