
автор: Дејан Ангеловски Дивата депонијата Русино е лоцирана над Гостивар, во Бањичкото Поле, каде тече Сушичка Река која го напојува Бањичко Поле и се влива во Реката Вардар. Многу гостиварци оваа локација ја посакувале за излетничко место, но наместо тоа, Русино се прочу како депонија која со последните мерења се проширила на површина од 120.000 м2, сѐ до националниот парк Маврово, каде многумина доаѓаат за да најдат мир и спокој во огромното зеленило и шумскиот рај. На депонијата се одложува отпад од девет општини од Полошкиот регион во количина приближно од 120.000-140.000 тони дневно, кој често пати се пали, а тешките мириси и чад се шират над Гостивар и околината. Така и оваа зима. Иако надлежните најавија дека конечно ќе се санира депонијата и ќе се најде решение за нивниот вечен проблем, сепак, мерењата на воздухот покажуваат дека...