Таг Архиви: буџет

Скопје три пати побогато од другите градови

Огромен е јазот во собирањето и во потрошувачката на општинските пари во градот Скопје во однос на останатите општини во земјава. Податоците кои Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија ги доби по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажуваат дека минатата година покрај сопствените буџети (табела 1) кои изнесуваа околу 40 милиони евра, скопските општини имаа и дополнителен буџет од 97 милиони евра на градот...

Наместо за граѓаните, општините функционираат само за платите на администрацијата

Наместо власт поблиска до граѓаните, општините се повеќе стануваат институции кои функсионираат само за платите на администрацијата. Истражувањето на ЦИН СКУП Македонија покажа дека зголемувањето на бројот на вработени во локалната пред секој циклус на избори довела до ситуација повеќе општини да инкасираат даноци и остваруваат приходи само за платите на вработените. Многу малку средства им остануваат за асвалтирање улици, оддржување на паркови, за училиштата или пак за другите...