Таг Архиви: награда

Пофалница за сторија на „СКУП“ и „Фокус“ за оф-шор компании

Новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски е добитник на пофалница од Македонскиот институт за медиуми за истакнат новинарски ангажман во категоријата Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „офшор-компании“, објавени на веб страницата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. -Авторот демонстрира темелно новинарско истражување низ кое многу умешно ги разработува, категоризира и анализира сите правни субјекти во чија сопственичка структура се јавуваат други фирми регистрирани во таканаречени офшор-зони, а открива...

Награда за истражувачка сторија на фондацијата “Душко Јовановиќ“

Фондацијата „Душко Јовановиќ“ распишува конкурас за награда за најдобра истражувачка сторија. Заинтересираните новинари и граѓани можат да се пријават да овој линк.

Свиркачите Лазаревски и Костовски добија светски награди

„Обезбедивме материјални докази дека корупцијата беше главниот извор на моќ за автократите. Повеќе корупција, поголема политичка моќ. Тоа беше формулата. Можевме да ја земеме слатка капсула која ќе ни ги затвори устите или горчлива пилула која може да не убие и нас и општеството. Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор“, рече Ѓорѓи Лазаревски, еден од свиркачите кои го обелоденија скандалот со нелегалните прислушувања во Македонија, на одбележувањето на...

СКУП награден за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија доби награда за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје од организацијата Зелен Глобус. Филмот „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ беше објавен во јануари годинава, и ги опишуваше начините за намалувањето на загадувањето на главниот град. Покрај СКУП награди од „Зелен Глобус“ добија Горјан Јовановски за апликацијата Мој Воздух, Донче Илиовски за најдобра еко фотографија, Емисијата „Еден на еден“ за хаштагот Ден на...

Горан Лефков е добитник на наградата за истражувачко новинарство на Здружение на новинари, од Источна Македонија

Новинарот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, Горан Лефков, е добитник на наградата за истражувачко новинарство на Здружението на новинари, од Источниот регион за 2016 година. Тој е автор на повеќе истражувања како злоупотреба на патните трошоци на пратениците, за богатството на политичките партии, проневера на пари во Министерството за земјоделство, рекетирање на фирми од Министерството за земјоделство и итн. Покрај Лефков, наградени беа доделени и уште во...

СКУП ја освои третата награда „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство

Тимот новинари-истражувачи на БИРН Македонија го освои првото место на годинешниот конкурс на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија. Победничката сторија на тема „Скопје 2014 под лупа“ е наградена за серијалот текстови и интерактивната онлјан база на податоци, кои го обелоденуваат трошењето на народните пари за контраверзниот проект „Скопје 2014“. Втората награда ја доби новинарката Билјана Николовска за документарниот филм „Кога здравствениот систем убива дете“,...