ОДГОВОР НА СКУП ЗА РЕАКЦИИТЕ НА ЦАРОВСКА И ШЕЌЕРИНСКА

Почитувани министерки Радмила Шекеринска и Мила Царовска, Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија изминативе месеци ги следи промените во имотот на функционерите од законодавната и извршната власт. Во целост ги објавивме вашите реакции во врска со нашиот текст насловен „Царовска побогата за 1,3 милиони евра, Шекеринска купила мотор оутландер“, како што тоа го налага законот. Сепак, сметаме дека и ние должиме одговор на јавноста. Имено, ја разбираме вашата реакција во врска со конкретниот наслов, но сакаме да ви посочиме дека новинарството е една од можеби ретките професии каде посебно во насловите доаѓа до израз новинарската досетливост со цел да го привлече вниманието на читателот и да го приближи четивото до публиката. Како невладина организација која продуцира истражувачки стории и содржини во текот на изминатата деценија, ниту еднаш досега не сме сакале со нашата работа да наштетиме на нечиј углед,...

Реакција на Шеќеринска и Царовска за истражувањето на СКУП Македонија

Реакција на Вашиот текст во чиј наслов е наведено дека министерката Шекеринска “ купила мотор оутландер”   Ви обрнуваме внимание дека насловот не соодветствува со одговорот кој го добивте од Кабинетот на министерката Шекеринска,  во кој јасно пишува дека се работи за моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, за кој е подигнат кредит од брачниот другар. Пријавувањето на промената до ДКСК ја покажува дисциплината во извршувањето на обврските и транспарентноста кон ДКСК. Моторното возило не е сопственост на министерката, како што пишува во насловот на текстот.   Реакција од МТСП Од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија бараме извинување за тенденциозната статија насловена „Царовска побогата за 1.3 милиони евра, Шеќеринска купила мотор Оутландер“. Констатацијата дека министерката Царвоска се „збогатила“ за 1.3 милиони евра во рок од една година е неточна. Иако МТСП навремено и...

Награда за истражувачка сторија на фондацијата “Душко Јовановиќ“

Фондацијата „Душко Јовановиќ“ распишува конкурас за награда за најдобра истражувачка сторија. Заинтересираните новинари и граѓани можат да се пријават да овој линк.

ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО СКУП МАКЕДОНИЈА

ОГЛАС ЗА РАБОТА     Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија има потреба од еден административно финансиски менаџер. Работното место е на определено време, со можност за продолжување. Кандидатот треба да има искуство во водење проекти поддржани од Европската унија, што подразбира добро познавање на регулативите од ПРАГ Покрај ова, предност ќе имаат кандидатите кои имаат професионално познавање од: -Изработка на финансиски извештаи -Работата со програмите Ворд, Ексел и Акробат -Електронско банкарство -Позитивните законски прописи -Смисла за организација и тимска работа -Амбиција за постојан напредок бидејќи СКУП нуди можност да се стигне до највисоките позиции во организацијата   Корисно е кандидатите да имаат препораки кои можат да се проверат. Знаењето ќе биде проверено во текот на интервјуто. Плата: 500 евра CV да се прати на aleksandar@scoop.mk Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Огласот трае до 22 февруари.

Новинарите што известуваа од Собранието на 27 април ќе ја тужат државата

Петнаесет новинари ја покренуваат иницијативата за тужба против државата за надомест на штета. Велат дека на 27 април тие ја вршеле својата работа, а со тоа и спречиле посериозни последици. За тужбата имаат обезбедено адвокатски тим, кој иако ќе ги застапува про-боно, судските трошоци ќе ги покријат самите. „Во консултации со правен тим, Согласно член 166 за облигациони односи, ја покренуваме оваа иницијатива. Со граѓанска постапка сакаме да се утврди одговорноста на поединци кои што со преземање или непреземање одредени дејства придонеле до настаната ситуација“ – изјави новинарот Боби Христов, кој што е дел од иницијаторите. Во однос на барањето за надомест на штета и сите други детали, новинарите велат дека ќе бидат со меѓусебен договор. Ги повикаа сите колеги новинари, фотографери и сниматели кои биле дел од известувањето за настаните на 27 април да се приклучат кон иницијативата....

Повик за истражувачки стории

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА.  Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра (во денарската противредност) по сторија. На овој повик ќе бидат избрани предлозите на тројца кандидати. Кандидатите можат да бидат вработени новинари, слободни новинари или активисти на граѓански организации. Еден кандидат може да учествува со максимум една предлог сторија. Наредните две години ќе бидат објавени уште четири повици. Изборот го врши Комисија со бодување на апликациите, врз база на барањата наведени во онлајн апликацијата (наведена подолу). Само избраните кандидати ќе бидат контактирани. Рокот за изработка на сториите е три месеци од денот на потпишување на...

Оставете коментар

коментар(и)