ЕЗЕРОТО ПРЕД УНИШТУВАЊЕ, ИНСТИТУЦИИТЕ МИСЛАТ САМО НА ПРОФИТ

автор: Горан Лефков

Студенчишкото блато во Охрид е десеткувано. Плановите на општината да дозволи градба на елитна населба ја загрижуваат Александра Бујаровска од невладината организација „Фронт 21/42“ како правна експертка чиј фокус е животната средина.

Со згради и цела пропратна инфраструктура која што е потребна да се направи едно такво домување. Овој предлог е во спротивност и со самата одлука на општина Охрид од 2012 година и со просторниот план на Република Македонија“, вели таа.

Здравко Крстановски е поранешен директор на Хидробиолошки Завод од Охрид. Тој е загрижен поради несоодветниот однос на институциите кон ова природно богатство.

Конкретно кога зборуваме за уникатната, ендемичната, реликтната Охридска пастрмка можам да ви речам дека е на истребување. Значи нејзината популација е сведена на минимум“, вели тој.

Таквите состојби ги потврдуваат и податоците кои Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија ги доби од Хидробиолошкиот завод од Охрид, користејќи го Законот за слбоден пристап до информациите од јавен карактер.

Во 1987 година од мрестот на пастрмката се извадени 19,4 милиони парчиња икра. За 25 години, односно 2012 година, количеството на икра е за 10 пати помало или од езерото се извадени само 1,7 милиони икри.

Крстановски предупредува дека истребувањето на пастрмката ќе има страшни последици врз езерото.

 

За повеќе погледнете го видеото.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

Оставете коментар

коментар(и)