![](http://scoop.mk/wp-content/uploads/2024/07/Vlada-300x200.jpg)
Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија Новата Влада на Република С. Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски брои вкупно 24 члена и 20 министерски места. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив е прв вицепремиер. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата „Вреди“ и двајца од Движењето ЗНАМ за наша Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски е полумилионер – пријавил скапи часовници, нема автомобил Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и премиер пријавил имот во вредност од 506.036 илјади евра. Мицкоски на свое име пријавил куќа од 343 м2. во Влае, од 2014 година која ја стекнал со договор за купопродажба во вредност од 437.263 илјади евра. Исто така пријавил и девизен штеден влог, без да ја наведе неговата вредност и начин на стекнување на парите. На име долг, пријавил потрошувачки кредит во износ од 6.610 евра. Како...