Проекти

Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачко новинарство

logo ned

Целта е да се подигне реакцијата на граѓаните и институциите за случаите на корупција. СКУП финансиски поддржуваше стории кои доведоа до оставка на носители на јавни функции, како приказната за рекетирање од страна на раководно лице во Министерството за земјоделство, или стории како загадувањето од страна на фабриката ФЕНИ која доведе до поставување филтри. Сторијата за ФЕНИ беше наградена од Македонскиот институт за медиуми. Уште една наградена сторија која ја подигна јавната свест е “Загадувањето не запира – секоја година 4,500 нови случаи на рак”.

Во 2016 година, СКУП продолжи да истражува на оваа тема, но овојпат истражувачките стории се правеа во форма краткометражни документарни филмови. Некои од документраците имаа силен оддек во македонската јавност, како што е имотот на политичките партии. Истражувањето покажа дека Македонија ја има една од најбогатите партии во Европа – ВМРО-ДПМНЕ. Документарниот филм за корупцијата во Македонскиот фудбал ја гледаа близу 100.000 луѓе и преставува една од најгледаните документарни емисии за 2016 година. Огромна гледнаност имаше и докуменатрениот филм за инвестициите на рускиот инвестиор Сергеј Самсоненко.

Проектот започна на 1 февруари 2013 година и ќе трае до 1 мај 2019 година.

Поддржувач: НЕД

 

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор

 

usaid logo

Во овој проект СКУП управуваше со фондот за истражувачко новинарство. Проектот е сличен со НЕД. СКУП е партнер со БИРН, Центарот за граѓански комуникации, Коха и Код.

Проектот започна на 1 јуни 2013 година, а заврши на 1 јуни 2015 година.

Поддржувач: УСАИД

 

 

 

Инбокс7

dutch-logo-embassy

Целта е да се креира независен онлајн магазин на три јазици. СКУП објави над 200 статии и доби постојана публика од 60.000 читатели месечно. Некои приказни имаа значително влијание во јавноста. И покрај фактот што веќе нема финансиска поддршка, Inbox7.mk е сè уште активен.

Проектот беше финансиран од 1 април 2013 до 1 април 2014 година.

Поддржувач: Амбасадата на Кралството на Холандија во Скопје

 

ПРИРАЧНИК ЗА ИСТРАЖУВАЧКИ НОВИНАРИ

FINAL_MK_А4_Manual 2

СКУП го преведе, промовира и дистрибуира „Истражување врз база на постоечка приказна – Прирачник за истражувачки новинари“ меѓу студентите. Ова е публикација на УНЕСКО. Со оглед на тоа што ниту еден македонски универзитет нема литература за истражувачко новинарство, ние го дистрибуиравме овој Прирачник и одржавме предавања на три македонски универзитети. Поради големиот интерес дел од студентите доаѓаа на пракса во просториите на СКУП. Вкупно 1500 примероци беа дистрибуирани на македонски и на албански јазик.

Проектот започна на 1 септември 2014 и заврши на 1 септември 2015 година. Прирачникот и натаму е во употреба кај студентите по новинарство на УКИМ како и на Универзитетот Гоце Делчев. Прирачникот денес преставува основен учебник и за студнетите на СКУП, кои заедно со нивните постари колеги ги освојуваат знаењата и вештините на истражувачкото новинарство.

Поддржувач: Амбасадата на САД во Скопје.

 

ОДБЛИЗУ: ИСТРАЖУВАЊЕ НА СЛУЧАИ ОД СФЕРАТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПРАВДА И ПРАШАЊА НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

usaid logo

СКУП Македонија во овој проект беше ангажиран да изработи 4 краткометражни и висококвалитетни документарни филмови во траење од 10 минути на тема „Студентски стандард“, „Партиски вработувања во општините“, „Имотите на партиските лидери“ и „Сомнителни странски инвестиции“. Документарците се емитуваат на ТВ 24 Вести (на македонски јазик) и ТВ Коха (на албански јазик). Овие проекции имаа силен оддек во македонската јавност. Филмот за Студентскиот стандард беше најгледана емисија во првата половина на ноември 2015 година, како што покажуваат бројките на специјализитраните компании ангажирани од донаторот УСАИД. Целта на овој проект е да преку телевизискиот медиум, на граѓаните им се приближат професионалните, документирани и балансирани истражувања, кои СКУП ги правеше во изминатиот период.

Проектот траеше од 28 октомври до 28 декември 2015 година.

Поддржувач: УСАИД

 

ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ГРАНТ ЗА ПОДДРШКА НА СКУП МАКЕДОНИЈА

 

На почетокот од 2016 година, на СКУП Македонија му беше доделен грант за целокупна поддршка на работењето на организацијата. СКУП и во овој проект остана доследен на својата мисија, па така и овде се изработуваат опсежни и базирани на документи, истражувачки стории. Во 2016 година беа објавени исгтражувања за поморот на кравите од болеста јазлеста кожа, а беа истражувани и причините за катастрофалната поплава во деловите од Скопје од август 2016. Финансиската поддршка од донаторот, СКУП ја користи и за поддршка на работата на стидентите на СКУП кое веќе изработија неколку квалитетни истражувачки стории.

Проектот започна на 1 април 2016 година и ќе трае до 1 април 2018 година.

Поддржувач: Цивика Мобилитас програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 

Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството

Уште една поддршка од Цивика Мобилитас (СДЦ). СКУП во овој проект е партнер со Македонскиот институт за медиуми. Целта е да се истражува проблематиката со која се занимаваат граѓанските организации грантисти на ЦМ. Преку истражувачките сториии, двете организации им помагаат на грантистите да станат повидливи и со тоа поблиски до граѓаните. Проектот располага со фонд за подршка на новинарите кои ги изработуваат сториите.

Проектот започна на 1 јануари 2016 година и ќе трае до 1 јануари 2018 година.

Поддржувач: Цивика Мобилитас програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 

 Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права

 

Во рамките на овој проект изработени се три истражувачки стории на тема навреда и клевета како мерки на притисок врз јавните личности и посебно врз новинарите. Темите се изработени во рамки на договорот „Заштита на правата преку истражувачко новинарство”, поддржан преку проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ и имплементиран од Центар за управување со промени и Институт за човекови права.

Проектот започна на 15 ноември 2016 година и заврши на 15 мај 2017 година.

Поддржувач: Европската унија и Британската амбасада преку имплементаторите Центар за управување со промени и Институт за човекови права

 

Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување

 

Проектот се фокусира на поставување на мониторинг индикатори за добро управување на локално ниво, со усвојување на упатствата на Европската Унија, поточно СИГМА стандардите. Ќе биде воспоставена нова рамка на стандарди и индикатори за мониторинг на локално ниво, која понатаму ќе биде користена за следење на работата на Локалните самоуправи.

Главна цел е поставување на функционална мрежа на граѓански организации во неколку региони во Македонија која ќе послужи во процесот на мониторинг и евалуација на локалните самоуправи на еден стандардизиран начин што ќе има посилен ефект врз администрацијата на локалните самоуправи, а и на политиките на централно и национално ниво. Локалните самоуправи да имаат единствена листа на стандарди за повеќе области кои ќе ги следат заради обезбедување на подобри услуги кон граѓаните, поголема транспарентност и ефикасност во управувањето.

Проектот започна на 01.01.2017 и ќе трае до 31.12.2018

Поддржувач: Делегација на ЕУ преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015”

 

Заедно во борба против корупцијата

 

СКУП заедно со Медиум од Гостивар и Институтот за човекови права од Скопје го спроведува овој проект кој во основа е борба против корупцијата во државата преку серија различни, но сродни активности. Предвидено е во период од 40 месеци да се изработи Прирачник за правнички изрази наменет за новинарите и активистите на граѓанските организации, да се следи работата на неколку телевизии со национална концесија за да се утврди пристуството на истражувачко новинарство, понатаму ќе се следи работата ја Јавното правобранителство, ќе се одржат неколку тренинзи на новинари и активисти за истражувачко новинарство во неколку локални средини во Македонија, ќе се изработуваат исгтражувачи стории. Проектот е ќе финишира со регрантирање на граѓански организиции кои на повика на СКУП ќе пријават проекти за борба против корупцијата.

 

Проектот започна на 1 јануари 2018 година и ќе трае до 30 април 2021 година.

Подржувач: Делегација на ЕУ во Македонија

 

 

 

Против местење натпревари

Во овој проект СКУП учествува во набљудувањето на фудбалските мечеви и во известувањето за можни индиции за местење на резултатот заедно со проект лидерот фирмата Екстракласа од Полска и уште десетина други организации од исто толку држави во Европа, како што Спортскиот универзитет од Келн, Германија.

Проектот започна на 1.1. 2018 година и ќе трае до 31.12.2021

Проектот е финансиран од програмата Еразмус+спорт

ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ГРАНТ ЗА ПОДДРШКА НА СКУП МАКЕДОНИЈА

СКУП со својата вклученост во работата на Платформата за борбата против корупцијата придонесе за подобрување на климата за граѓанските организации со тоа што се вклучи кон повикот на Платформата упатена до Советот за соработка со граѓанскиот сектор, а во насока на обезбедување на соодветни буџетски средства за граѓанските организации кои беа ускратени и пренасочени во други области. Исто така, реагиравме во однос на постоечки појави во општеството како ненавремено именување на претставници од граѓанскиот сектор во различни државни тела, кои беа попречувани а со што се влијаеше и на попречување на нормалното одвивање на активностите во општествениот живот. Ова се однесуваше на неименување на членови во институциите кои го тангираат медиумскиот јавен сервис и други тела од областа на медиумите и комуникациите.
Исто така, СКУП годинава во периодот од 11-13 мај го организираше Меѓународниот ден на свиркачите, кој годинава по втор пат го организиравме во соработка со Regional Anticorruption Initiative, потоа Младински Образовен форум, а е поддржан од ЕУ и НЕД. Денот на свиркачи беше одбележан со серија активности, како јавна дебата, лиферување на материјали на градскиот плоштад итн. Воедно, во рамките на одржување на Денот на свиркачи 12мај, СКУП ја одржи и Годишната конференција на СКУП за соработка на невладините организации со новинарите, во рамките на Институционалниот грант, кој се реализира во рамките на програмата Цивика Мобилитас.
Воедно, СКУП придонесе за подобрување на опкружувањето во кое функционираат граѓанските организации преку присуството на претставници на СКУП во медиумите и разни гостувања на кои нашите претставници зборуваа за горливи прашања во јавноста и за тоа како властите третираат одредени прашања кои ги засегаат граѓаните.

View Page

Проектот траеше од 1 јули 2020 до 30 јуни 2022.

Буџет: 65.000 евра