
Огромните инвестиции во вештачка интелигенција, дата-центри, чипови и енергетска инфраструктура може да создадат нов системски ризик за глобалната економија доколку приходите од ВИ не ги оправдаат сегашните очекувања, предупредува авторот Џон Мек Глион во анализа објавена во „The Hill“. Според него, ВИ одамна престанала да биде само софтверски тренд и станала темел врз кој се градат очекувањата на технолошките компании, енергетскиот сектор, комерцијалните недвижности, индустријата и финансиските пазари. Проблемот, пишува тој, е што огромен дел од тие инвестиции се засноваат на претпоставка дека побарувачката за ВИ-компјутерска моќ и софтвер ќе расте речиси неограничено. Трилиони во чипови, струја и дата-центри Најголемите технолошки компании трошат огромни суми на графички процесори, дата-центри со течно ладење, електрични мрежи, нови извори на енергија и индустриска инфраструктура. Изградбата на еден модерен дата-центар може да чини стотици милиони долари, а инвестициите често се врзани со долгорочни...