Оглас за ангажман на двајца млади новинари-истражувачи

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија има потреба од ангажирање на двајца млади новинари кои имаат амбиција да се занимаваат со истражувачко новинарство.

Кандидатите треба да се на возраст до 25 години, да студираат или да дипломирале новинарство или да имаат новинарско искуство.

Потребно е да бидат енергични, посветени на долгиот и често тежок процес на истражување, комуникативни и секогаш подготвени за тимска работа.

Заинтересираните кандидати треба да пратат CV и мотивациско писмо на scoop.macedonia@gmail.com. Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. Огласот трае седум дена, односно до 10 септември 2018 година.

Оставете коментар

коментар(и)