ПРОБЛЕМАТИЧНИТЕ ИГРАЧИ ВО КАЗИНО-БИЗНИСОТ

Проблематични се сопствениците на казината во Македонија. Со внесени стотици милиони евра на македонската граница со Грција, казината потсетуваат на коцкарските меки, како Макао, Естонија или Лас Вегас. Но, што кријат првите луѓе од коцкарската индустрија?

Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија истражуваше за судирите со законот на сопствениците на храмовите на коцката во Македонија, казината Фламинго и Принцес, како продолжение на истражувањето, кој е кој во овој бизнис.

 

СКАНДАЛИТЕ НА НОВОМАТИК

 

Најголемата светска компанија на игри на среќа Новоматик Аг, со седиште во Австрија, е инволвирана во неколку афери во земјите каде делува. Според Блумберг, „казината во Парагвај, Перу и Јужна Африка – земји каде Новоматик делува – беа одбележени од страна на САД како цевки за перење пари од страна на криминалните шефови и бароните на дрогата“.

johanes han

Јоханес Хан

Неколку афери се вртат и околу бившите клучни луѓе на оваа компанија. Од оваа група не е исклучен ниту австриецот Јоханес Хан, еврокомесар за проширување и олеснувач на преговорите помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Според, пратеникот во Австрискиот парламент Питер Пилц, „Хан договарал и купил имот во Австрија со пари во кеш“.

Питер Пилц

„Јоханес Хан, како извршен директор на Новоматик, договарал и купил објект, како имот на фирмата Новоматик во кеш. Подигнавме обвинение против него. Подоцна и претходниот сопственик на имотот кој го купил Хан во име на Новоматик ни потврди дека тој лично преговарал со Хан“, вели во интервју за Скуп, Пилц.

Тој додава дека „тоа дело е перење на пари и затајување на данок“. За оваа афера австриските медиуми пишуваа од 2009 до 2014 година. Во австиските органи е подигната и официјална истрага за овој случај.

Покрај ова, во австриските медиуми името на еврокомесарот Хан, беше споменувано и за плагијаторство. Тереза Раитер, новинарка во Виенер Цајтунг, вели дека на тапет во јавноста била и докторската титула на Хан.

tereza raiter

Тереза Раитер

„Се крена голема прашина околу валидноста на докторатот на Хан. Пратеници во парламентот обвинуваа дека докторската дисертација на Хан, всушност е плагијат“, вели Раитер.

Таа се сомнева дека Хан има врски насекаде и дека ги користи кога ќе му згусти.

Инаку Јоханес Хан во Новоматик влегува во 1997 како член на бордот на директори, а подоцна станува и главен извршен директор на Новоматик.

Претходниот работодавач на Хан во 2013 година го купува казиното Фламинго во Гевгелија.

 

СУДИ ОЗКАН, СОПСТВЕНИК НА ПРИНЦЕС, ЗАТАИЛ 200 МИЛИОНИ ЕВРА

 

Суди Озкан е сопственик на казиното Принцес во Гевгелија кое чинеше околу 100 милиони евра. Но Озкан, според турските даночни власти само во 90-тите години сокрил 200 милиони евра во Швајцарските банки. За ова во 2008 година тој и платил 40 милиони евра на Турската даночна администрација.

sudi ozkan

Суди Озкан

Казината на Озкан во Турција работат се до 1998 година кога тамошната влада заради религиозни причини ги забранува казината. Тој е сопственик на 34 казина во 15 земји. Покрај казината Озкан има и луксузни хотели. Тој живее на мал остров во Атланскиот океан.

Во македонски размери најголема афера во коцкарската индустрија беше заплената на 300 покер апарати во Кочани, со акцијата „Детонатор“. Инаку вкупно во Македонија има 1200 апарати за покер кои добиле дозвола од Министерството за финансии од 2009 година досега. Со акцијата „Детонатор“ се запленети 25% од вкупниот број на покер апарати во земјава.

 

КАЗИНА КОИ РАБОТАТ СО ЗАГУБИ!

 

Според документите кои ги обезбеди СКУП, вкупните приходи на дејноста коцкање и обложување во 2014-та година се пријавени дека изнесуваат околу 280 милиони евра, додека како вкупните трошоци се пријавени околу 273 милиони евра. Вкупната добивка за сите субјекти од ова дејност е пријавена дека изнесува само 8.4 милиони евра, додека околу 3 милиони се пројавени како загуба. Дејноста вработува 4811 лица, кои во 2014 добиле процечна нето плата во износ од 22.535 денари.


Казиното „Принцес Гроуп“ од Гевгелија во од 2012 до 2014 година не пријавила никаква добивка, додека како загуби вкупно пријавила околу 3 милиони евра. Исто е и со казиното „Корона Интернационал“ која добивка има пријавено само во 2012, и тоа во износ од 358 илјади евра, додека во последната година работела зо загуби кои изнесуваат близу еден милиој евра. „К.А.К“ во минатата година пријавила загуба од околу 230 илјади евра, додека добивки има само во претходните две години. Во 2012 и 2013 година казиното „Хит Интернационал“ има пријавено загуба во износ од околу 1,1 милион евра, додека добивка има само во 2014 година во износ од близу 82 илјади евра. Според доставените извештаи, со најголема загуба во 2013-та и 2014-та година работело казината на компанијата „Макотен“ со вкупен износ пд 4.7 милиони евра. Ова компанија има пријавено добивка само во 2012-та година во износ од околу 440 илјади евра.

 

 

 

МАКЕДОНИЈА НА ВРЗВОТ ПО БРОЈОТ НА КАЗИНА

 

Според бројките кој ги анализираше СКУП, Македонија е на врвот на листата на Европските земји по бројот на казина по глава на жител.

Резултатите се според бројот на лиценцирани правни субјекти за спроведување на игри на среќа. Ако пресметката се прави врз основа на 16 подружници и 59 салони за покер, тогаш резултира дека на секои 27 илјади граѓани има по едно казино.

Експертите сметаат дека една ваква бројка е поразитаелна за една земја, каде 14% од населението во земјава живее под границата од 1,25 долари дневно, а околу 70% живеат со 2 долари дневно. Тоа значи дека околу 70% од населението има пари само да се прехрани и да плати сметки за струја и вода.

Овој јаз во изминативе години постојано се зголемува. Последните податоци за Џини коефициентот се дека тој пораснал од 39 на 43, што значи поголем јас помеѓу богатите и сиромашните, односно раст на сиромаштијата во земјава.

Оставете коментар

коментар(и)