Дводневна обука за СИГМА стандардите

Денес е вториот ден од дводневната обука за СИГМА стандарди и алатки на ПР и односи со јавност во Велес. На настанот присуствуваат активисти од невладини организации од Вардарскиот плански регион: Чекор кон Европа и извидничкиот одред “Димитар Влахов”.
Ова е шестата обука од циклусот обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, дел од проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување” кој е финансиран од Европската унија а го спроведуваат Центарот за управување со промени, Асоцијацијата за менаџмент консталтинг и Центрарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Оставете коментар

коментар(и)