Зона на економска измама

Со рекорден број на невработени лица, односно повеќе од 30% на национално ниво, Македонија сè уште не изнајде начини за привлекување странски капитал. Технолошките и индустриски развојни зони кои нудат бројни даночни олеснувања заа инвеститорите се дел од стратегијата за брз развој, чија цел е економско заздравување на земјата.

Normac

Одлуката на Владата од 2007 година за тетовската слободна економска зона ги оживеа надежите за намалување на невработеноста во овој дел од земјата.. По успешноста на првата слободна економска зона во 2000 година во близина на Скопје, планираната за Тетово беше на четвртото место на листата. На 95 хектари земјиште, оваа зона има многу привлечна позиција, бидејќи се наоѓа на крстопатот на коридорите 8 и 10.

Владеачките политички партии пропагираа вистински инвестициски рај во овој регион, најавувајќи околу седум илјади нови работни места од почетна фаза. Сепак, прашањето е што навистина се случи со тендерската постапка и кој всушност стои зад компанијата која го доби тендерот како концесионер на горенаведената зона?

 

Сомнителна тендерска постапка

 

За разлика од развојните зони во Скопје и Штип управувани од страна на самата Влада, за развојната зона Тетово беше одлучено да се следи принципот на јавно-приватно партнерство. Ова значеше зоната да се понуди на приватна компанија која ќе има право на сопственост во наредните 99 години.

Според официјалните податоци, објавениот тендер во 2012 година, односно понудата за слободна економска зона во Тетово беше предадена од страна на две компании квалификувани од самиот почеток. Засегнатите компании беа турскиот конзорциум “TBS YonetimIsletmeveInsastAnonimSirketi” претставен од страна на домашна компанија “Пера Констракшн Интернационал ДОО Скопје”, како и норвешката компанија.

Pera constraction

“Мал бизнис асоцијација на Норвешка (СНС)” (“Small Business Association of Norway (SNS)”. Компанијата која ја претставуваше турската компанија, со седиште во Скопје, според документацијата обезбедена од Централниот регистар, е во сопственост на турскиот бизнисмен Халил Ирфан Бумен, иако другите бизнисмени, како што се Ајдован Адемовски и Даме Божиноски имаат помалку акции во неа. Во меѓувреме, норвешката компанија е всушност здружение на стопанственици, кои подоцна ќе бидат претставени со оригинално име “Smaabedrifforbundet”. Владини претставници подоцна почна да зборуваат за СНС како за “силен норвешки конзорциум”. Овој конзорциум, врз основа на обезбедените информации, се состои од корпорацијата за индустриски развој на Норвешка СИВА (чиј основач е оф шор компанијата СИВ Холдинг ДОО, лоцирана на островот Викторија), претпријатието “Иновации Норвешка”, “Нормак инвестмент груп”, компанијата за развој на мал бизнис “Smaabedrifforbundet”, компанијата за превоз на стоки и инвестиции “Tonnevold”, како и познатата американска компанија “Blackard group”.

Се вели дека несогласувањата помеѓу лоби групите во рамките на партиите на власт се причина за неуспехот на овој тендер и негово повторно отворање во октомври минатата година. Еден од условите беше да има вкупно десет милиони евра годишни приходи во еден од последните години поткрепено со доказ, како и значително искуство во управувањето со овие видови зони или индустриски паркови.

За разлика од претходниот повик, овој пат се пријави само една компанија – Нормак инвестмент груп (НИГ), за која претходно беше кажано дека е дел од норвешкиот конзорциум СНС.

Меѓутоа, овој пат самата компанија НИГ се појави како конзорциум од пет норвешки компании, од кои три приватни и две јавни.

“Ова е конзорциум кој има големо искуство во управување со слободни економски зони и тоа всушност, значи 100 реализирани проекти во оваа област. Така, ние конечно ќе имаме економски развој на полошкиот регион и прилив на слободен капитал, што значи повеќе работни места за заедницата”, изјави Валон Сарачини, министерот за економија, на 15 јануари, додека зборуваше за компанијата НИГ која го доби тендерот за управување со развојната зона во Тетово.

 

Измама со конзорциумот

Normak mk

 

Покрај министерот Сарачини, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, како што е наведено на официјалната веб страница на Министерството за економија, го нарече победникот на тендерот конзорциум. “Конзорциумот на Нормак инвестмент груп се состои од четири норвешки трговски асоцијации и една американска, кои се занимаваат со недвижен имот во индустрискиот сектор”, изјави Мизо. Сепак, Скуп успеа да добие пристап до документацијата од Регистарот на норвешките компании, каде што може да се види дека НИГ не е конзорциум кој се состои од три јавни и две приватни норвешки компании. НИГ е всушност многу мала компанија регистрирана во март 2012 година со вкупен капитал од само 30.000 норвешки круни (околу 4.000 (четири илјади) евра). Норвешките државјани Ларс Рисе и Сигне Марид Престегардас, како и македонскиот државјанин Аки Етеми се наведени како основачи на оваа компанија. Имињата на другите пет норвешки компании не можат да се најдат на официјалните документи поврзани со добитникот на тендерот за управување со слободната економска зона во Тетово, кои наводно биле дел од т.н. конзорциум.

По кратко време откако го доби тендерот, на 1 февруари оваа година (2013), НИГ основа нова компанија во Македонија позната како “Нормак Инвестмент Груп АД Тетово”, со почетен капитал од 50.000 (педесет илјади) евра. Во документот добиен од Централниот регистар на Република Македонија не е наведена ниту една од норвешките или американските компании споменати од страна на владините претставници.

Всушност, оваа компанија не знае ништо околу управување со слободни економски зони, ниту пак ги исполнува условите да поседува 10 милиони евра од вкупните годишни приходи; регистрирана е неколку месеци пред да се објави тендерот за слободната економска зона во Тетово. Ова ги зголемува сомнежите дека формирањето на оваа зона е направено со цел да се отуѓат околу 95 хектари индустриско земјиште во близина на Тетово.

Се вели дека членовите на одборот на директори на оваа компанија во Македонија се луѓе тесно поврзани со Демократската унија за интеграција (ДУИ), која е дел од владејачката коалиција. Името на еден од членовите на одборот на директори се појавува во документацијата на Државниот завод за ревизија каде што, исто така, финансиските донатори на ДУИ се наведени на листата за потребите на последните предвремени парламентарни избори.

LR_stort

Ларс Рисе

Се чини дека 58-годишниот Ларс Рисе, појавувајќи се како директор на НИГ, има богата политичка биографија. Во периодот од 1997 до 2005 година тој бил пратеник на Демо-христијанска партија во норвешкиот парламент; претходно, исто така, бил на важни функции во Владата.

Додека луѓето во НИГ ги тријат рацете поради добиениот тендер, младата популација од Тетово и Гостивар сепак се надева на инвестициски бум во овој регион. Јавно-приватното партнерство, применето за првпат во оваа зона, најверојатно ќе се покаже за неусшешно. Неколку месеци по завршувањето на тендерските процедури, ниту државата, ниту приватните партнери почнаа активности со цел да се функционализира оваа развојна зона. Невработените, од друга страна пак, секогаш велат дека е премногу рано да се губи надеж.

 

Оставете коментар

коментар(и)