СКУП на Националниот форум на Цивика Мобилитас

“Во изминатите неколку години можевме да видиме дека организациите на граѓанското општество уживаат поголема доверба кај нивните конституенти, влијанието од нивните акции станува посилно и резултатите од нивните акции многу по одржливи.” – изјави амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, на официјалното отворање на третиот Национален форум кој се одржа во Градскиот парк во Скопје, организиран од Цивика Мобилитас.

Свој штанд на Националниот форум имаше и Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, како грантист на оваа швајцарска програма.

Учествуваа повеќе од 200 граѓански организации од цела Република Македонија кои имаа можност да ги претстават своите организации и активности пред поситителите. Се одржаа и разни работилници, како и детско катче, креативно катче, видео катче и настапи на музички бендови.

На официјалното отворање на настанот се обрати амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, како и меѓународниот лидер на тимот на програмата Цивика Мобилитас Petrus Theunisz и Александар Кржаловски националниот лидер на тимот на програмата Цивика Мобилитас.

Амбасадорката исто така додаде дека се надева дека овој настан ќе ги инспирира локалните власти да воспостават блиски односи меѓу заедницата и граѓанското општество поради придобивките на целата заедница.

Граѓанската организација Центар за климатски промени е здружение кое постои од 2008 година и кое се занимава со заштита и унапредување на животната средина и ублажување со климатски промени. Тие работат на проекти поврзани со управување на отпад, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, ублажување и адаптација кон климатски промени, исто така и интегрирано спречување и контрола на загадување и заштита и подобрување на квалитет на амбиентен воздух.  Бојана Станоевска Пецуровска, претседателката на оваа граѓанска организација, изјави:

“Досега сме соработувале во голема мера со Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за енергетика, Министерство за економија и речиси сите општини од државата. Покрај национално, соработуваме и со соседните држави, значи со Република Бугарија, Република Грција, соработуваме со невладини организации од Србија па и пошироко, преку проекти што се финансирани од Европската Унија. Доколку нема вакви програми, невладините организации не би можеле да функционираат. Буквално, нашата перцепција е дека од година во година ваквите програми конкретно за невладиниот сектор се се помали и помали, и доколку не би постоеле вакви конкретни програми насочени само кон граѓанскиот сектор, навистина граѓанскиот сектор би бил во изумирање.”

“Сметам дека вакви програми се потребни за други организации кои што на пример им се потребни средства за развој на самата организација внатрешно, градење на капацитетите на членовите на организацијата, како и на вработените во самата организација.” – изјави Сибел Амет од Хелсиншки комитет.

Хелсиншкиот комитет во рамките на Цивика Мобилитас имаат институционален грант, кој им помага во формирање на стратегијата – оживување на младинската група во Хелсиншкиот комитет.

Многу често, преку проектите на граѓанските организации, граѓаните имаат можност да ги остварат своите интереси и дарби, како помош при работење со луѓе со пречки, креативни работилници, заштита на животната средина и слично. Пример за тоа е и граѓанската организација Радика Де од Дебар. Тие се регистрирани 2006 година во Дебар, а делуваат на поголем регион, тоа се 3 општини – Дебар, Маврово и Центар Жупа. Според нив, нивната цел воглавно е поттикнување на жените од руралните средини да се граѓански активни, односно да започнат граѓански активизам преку кој што ќе можат да ги промовираат своите вредности и да остварат економски бенефит.

“Жените од руралните средини буквално се запоставени, граѓанскиот сектор е тој кој што може да им помогне и да се еманципираат, да се дружат, да учат и од тоа да си остварат некој бенефит со оглед на тоа дека тие поседуваат вештини, како ракотворењето, подготовката на традиционална здрава храна, промоција на народните носии, сето тоа сметаме дека не е доволно промовирано а и ние преку нашите активности во нашето здружение од 2006 го работиме тоа. Значи не работиме само со тие жени, туку работиме и со помладата популација, кои што имаат наследено некакви вештини од своите мајки и баби.” – изјави Фадрие Мустафовска, претставничка на Радика Де.

Ваквите програми кои ги нудат донаторите се важни за развојот на невладините организации во Република Македонија. Во поглед на тоа, Антонио Михајлов од  Субверзивен фронт, здружение за критички пристап кон пристап кон родот и сексуалноста, изјави:

“Потребни се, затоа што во многу мала мера државата ги финансира невладините, т.е. одвојува финансиски средства за нивен развој, а силен невладин сектор е важен за поголема демократизација и за поголемо почитување на човековите права. Со оглед на тоа што тоа не се случува, многу е корисно и фондации како Цивика да е присутна во оваа држава.”

Овој трет Национален настан, кој оваа година се одржа во Скопје, заврши успешно, со голема посетеност од страна на заинтересираните граѓани. Денес, семејството на Цивика Мобилитас брои 208 грантисти,

Оставете коментар

коментар(и)