Центарот за истражувачко новинарство на Србија го освои Европскиот Пулицер

ЦИН Србија, партнерска организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, вчера постигна неверојатен успех, освојувајќи ја „Јуропиан прес прајс“ за истражувачко новинарство. Наградата беше доделена на церемонија во Амстердам.

Оваа награда се смета за европски пандан на познатата американска Пулицерова награда.

Наградата се однесува на серија текстови за криминал, корупција и за фудбал во Србија. Истражувачките стории се изработени екипно на чело директорот Бранко Чечен.

Оваа награда во минатото ја освојуваа, агенцијата Ројтерс, шпанскиот весник Ел Паис и други познати имиња на светското новинарство.

Комитетот за доделување на наградата во својот коментар напиша: „Истражувачкото новинарство ја засилува демократијата во случаи кога покажува корупција на светско ниво, но во некои случаи и кога ги осветлува и им вдахнува живот на локалните заедници. Чуствуваме голема почит за екстремно тешката работа на новинарите на ЦИНС. Нивните откритија се од неверојатно големо значење за српското општество. Тие го исполнија најосновното ветување на истражувачките новинари кон граѓаните – ја подигнаа завесата на корупцијата и пуштија светлост“.

Истражувачите стории се работени преку осум месеци, за кое време новинарите на ЦИНС поднеле преку 200 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Оставете коментар

коментар(и)