Категорија: Истражување

Помеѓу личната придобивка и јавниот интерес: Дали и медиумите се виновни за кризата?

Кога владата почна да спроведува кампањи и истите да ги рекламира, повеќето од приватните медиуми во Македонија влегоа во трка кој да придобие поголем дел од колачот. Експертите велат дека не се само рекламите, туку и тендерите со кои се купува медиумската наклонетост. Оваа ситуација во македонскиот медиумски пазар покрена неколку прашања и дилеми: Дали медиумите стануваат параван на бизнисот? Може ли еден медиум како приватна сопственост да води...

Клучни играчи во медиумскиот бизнис: Кој ги поседува медиумите во Македонија?

Мнозинството во Собранието на Република Македонија, без многу дебата и размислување, го отфрли предлог-законот за реформи во медиумската сфера само неколку дена пред да се распушти. Предлогот составен според советите на екс-посредникот Питер Ванхојте, се очекуваше да биде сериозно разгледан од страна на народните избраници поради парафот на нивните лидери во Договорот од Пржино. Но, со одбивањето на овој предлог остана уште една неисполнета обврска во пресрет на предвремените...

СКАНДАЛ: Новинарите-„закана за безбедноста“ на ДКСК

„Вие сте закана за безбедноста на институцијата и не можете да влезете внатре“. Овој непријатен одговор го доби екипата на СКУП-Македонија од лице кое се претстави дека е шефот на обезбедувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 6 април 2016 година. Со ова, новинарите беа спречени да поднесат барање за слободен пристап до информациите, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Голготата на...

Бизнис и политика во медиумите: Можни ли се реформи?

ДОКУМЕНТАЦИЈА     Кога во пролетта на 1996-та излезе првиот број на независниот дневен весник “Дневник”, тогашната власт беше свесна дека доаѓа времето на медиуми кои нема да може да ги контролира. “Дневник” а потоа и приватната телевизија „А1“ набргу станаа влијателни медиуми, превземајќи ја моќта за креирање на јавното мислење од тогашните медиуми кои беа во државна сопственост – весниците “Нова Македонија”, “Вечер”, “Флака” и Македонската Радио-телевизија (МРТВ)....

СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)

Кавга за државно земјиште во Вевчани. Околу 267 хектари под Стручкото село Вевчани има двајца закупци. Земјиштето е во државна сопственост, а Министерството за земјоделство истото го нуди на двајца сопственици. Прво по јавен повик, кој се распишува во ситуација кога државното земјиште е веќе засадено, а тој земјоделец го нема добиено под закуп, а после истото земјиште е дадено на јавен оглас. На јавениот повик се јавува фирмата...

Мистеријата на зградата на Телеком: во центарот на Скопје, а „невидлива“ за институциите

Општина Центар нема никаква архива за зградата на Телеком, впечатлива осумкатница во Центарот на Скопје. Изградена веднаш до Камениот мост и лоцирана на самиот плоштад Македонија, оваа зграда е обвиткана со мистерија. Освен страните, никој не знае за колку пари е купено земјиштето, колку данок е платено за оваа зграда и колкави комунални давачки се платени за нејзе. Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски дури не знае која...

Дигитализација: Попримамливи странските канали, домашните немаат ниту телетекст

Жителите на демирхисарското Ново Село немаат голем избор на своите ТВ-приемници, па информациите за тоа што се случува надвор од нивното место на живеење ги дознаваат само преку трите програми на МРТВ, вклучувајќи го и собранискиот канал. Иако имаат набавено уред за прием и на другите национални канали, чиј сигнал би требало да стигнува и до нивните домови, сепак таа услуга не ја добиваат. Но, тие не се единствените....

СКУП истражува: Пратеници – една дискусија 400 евра

  ДОКУМЕНТАЦИЈА1  ДОКУМЕНТАЦИЈА2 Aлармот на телефонот за Сашко од Кочанско ѕвони точно во 5 и 10, време кога станува за да се подготвува за уште еден работен ден. Тој е работник во една од странските инвестиции во Источна Македонија, каде денот треба да му донесе дневница од 500 денари. „Заработувам 12.000 денари плата. Работам 25 дена месечно, тоа значи секоја сабота. Една недела прва, другата втора, па трета смена“,...