Администрацијата преобемна, реформите минимални. Со години наназад Владите упатуваат на тоа дека се потребни реформи во администрацијата но никој досега не се зафати сериозно да го преуреди огромниот државен административен апарат. Но наместо тоа се повеќе и политиката и партиите постојано ги полнеа институциите со свои партиски кадри, со што стана многу тешко нејзиното преуредување во професионална служба на граѓаните. Какви реформи се потребни и од каде да се почне.