
Дана Ламбевска И покрај најавените мерки за намалување на аерозагадувањето, Скопје и натаму руши рекорди во регионот. Во ноември Скопје стана познат како еден од десетте најзагадени градови во светот, а државава се рангираше на 34-тото место на листата на најзагадени земји во светот за периодот од 2018 до 2021 година. Скоро и да нема ден кога во државава нема евидентирано зголемен степен на загадување, иако во претходниот период беа најавени низа мерки за субвенционирање со обновливи извори на енергија, клими, субвенции за греење на пелети…Се субвенционираше купување на инвертори за загревање, користење на соларни панели, се даваа субвенции за велосипеди, тротинети. Но, со почеток на енергетската криза сето ова падна во вода. Борбата за енергенси ја засени битката против аерозагадувањето. Мерењата покажуваат дека вредностите посебно во однос на штетните ПМ 10 и ПМ 2.5 честички се намалени во однос на...