
„Ние не сме песимисти, ние сме очајни реалисти!“, рече Селмин Несимоски од здружениетоМлади за јавен интерес од Дебар со што отслика најголем дел од дискусијата на денешниотТематски форум на Цивика мобилитас насловен: „Државното финансирање за поголемаодржливост на граѓанските организации“.„Борбата за гол опстанок го оневозможува работењето на граѓанскиот сектор“, рече во своетопоздравно обраќање Кристина Колозова од Швајцарската амбасада во земјава. Таа истакнадека примарната задача на секторот е да биде набљудувач на работата на државнитеинституции, да коригира и укажува на неправилности или пропусти и секако да нуди решенијакои ќе бидат од корист на нивните конституентите-граѓаните. Според Александар Кржаловски, Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас и директорна МЦМС, поддршката за граѓанските организации во Македонија по повеќе од 10 годинидебатирање, стигна едвај до 10 милиони евра. „За споредба, државната поддршка награѓанските организации во Србија е 120 милиони евра, во Хрватска 230 милиони...