Бизнисмени, општинари, земјоделци на обука за борба со корупцијата

Здружението за локален и рурален развој во рамките на проектот „Младите и жените во борба против корупцијата“ одржа обука за запознавање на локалното население со темата на (анти)корупција. Беше одржана обука за 20 учесници кои беа од различни сектори вклучувајќи локална самоуправа, бизнис сектор, образование и земјоделци. Во рамки на едукативниот процес беа разменети искуства и информации за темата, а од страна на едукаторите беа опфатени теми како што се: запознавање на основни поими/тврдења поврзани со корупција, основни поими на корупцијата и механизмите за нејзино спречување, анкета за перцепција на корупцијата, закон за заштита на укажувачите и извештај за проценка на корупцијата.

Во рамки на проектот подготвен е флаер за антикорупција каде се наведени целите, активностите и резултатите на проектот, а истовремено се наведени и основните поими за корупција.

Проектот е поддржан од СКУП Македонија во рамките на акцијата „Заедно во борба против корупцијата“ финансирана од Европската унија. Институтот за човекови права и Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ се партнери во оваа акција.

Оставете коментар

коментар(и)