Државните институции плаќале парно поскапо и за 10 пати

Тимот на СКУП ги разгледуваше сите наоди на јавувачот на злоупотребите. Решивме да побараме средба со него за да видиме дали овие индиции се вистински.

По долго убедување и гаранции за заштита на неговиот идентитет, се најдовме во еден ресторан на излезот од Скопје.

По крaтко чекање се појави средовечен човек, видно исплашен за неговата безбедност. Сепак, се забележуваше неговата одлучност да ги сподели со јавноста сите информации кои се од општ интерес.

Врз основа на овие информации добиени од свиркачот, решивме да поставиме барања по слободен пристап до информации…

Тврдењата на свиркачот се покажаа како точни. Ова беше аларм за Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија да започне да го истражува случајот. Документите покажаа дека народните пари премногу лесно се трошени за потребите на Балкан Енерџи груп. Државните институции плаќале парно поскапо и за 10 пати од домаќинствата.

 

ЗА ПОВЕЌЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Промовирање отчетност преку истражувачко известување”.)

Оставете коментар

коментар(и)