ИСТРАЖУВАЊЕ НА СКУП: СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ЗА ПРИВАТНИ ПОТРЕБИ

автор: Горан Лефков

Поттикнат од овој случај, новинарскиот тим на СКУП почна да истражува за употребата односно злоупотребата на службените возила. СКУП испрати и барање по слободен пристап на информации од јавен карактер и до Министерството за труд и социјална политика. Во редакцијата на СКУП добивме одговор во кој е содржан извештајот за извршен вондреден попис на возниот парк од септември 2016-та година. Во него се наведува дека за време на вонредниот попис на возниот парк, интерната комисија евидентирала само десет службени возила на паркингот на министерството. Како што стои во извештајот поголемиот број возила ги немало во кругот на министерството за да може да се направи целосен увид. Со пописот направен на 12-ти  септември минатата година, комисијата констатира дека на паркингот на министерството недостасувале дури 27 возила сопственост на овој владин ресор.

Комисијата уште констатира дека со 3 возила, лично се задолжени државни службеници во министерството, но, комисијата не успева да ги утврди нивните локации. Исто така, уште седум автомобили. Комисијата воопшто и не ги барала бидејќи констатирала дека за нив имало одлуки дека тие се отстапуваат на користење на други јавни институции. Меѓу нив, е и џипот марка „Туарег“ со скопски регистарски таблички со кој, како што стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи, ноќта меѓу 28-ми и 29-ти октомври 2016-та година се предизвикани две сообраќајни незгоди.

 

За повеќе погледнете го видеото.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

Оставете коментар

коментар(и)