Колку тежат пратениците?

Автори: Светлана Унковска и Горан Лефков

Нивната филозофија на социјална правда и анти-естаблишмент им донесе два пратеника на последните избори.

Ова е партијата Левица. Нејзиниот лидер, Димитиар Апасиев, се проби во политиката преку остри критики и демонизација на останатите политичари, за кои велеше дека преку ноќ станале капиталисти.

Тој сепак не открива што поседува пред да влезе во собраниските ходници. Неговиот одговор на нашето барање да и открие на јавноста што има од имот беше краток: „Епа почекајте го Анкетниот де“.

Дали вратите на Собранието се најкраткиот пат за збогатување? Истражувањето на СКУП дојде до податоци кои велат дека пратениците што го завршија својот мандат во 2020 година пријавиле имот во вредност од 32,6 милиони евра.

За повеќе, погледнете го најновиот документарец на СКУП.

Оставете коментар

коментар(и)