Проектот “Следи ги инцидентите – (не)намерни пропусти и загадување на животната средина”, во имплементација на Здружение за еколошко одржлив развој ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ Скопје се наоѓа во последниот месец од неговата имплементација. Во текот на имплементацијата на проектот се реализираа зададените активности, предвидени во временската рамка.
Имено, досега како продукти од реализација на проектот се изработени неколку публикации, како што се:
- Мапирање на индустриски капацитети (потенцијалните и де факто загадувачките индустрии), начинот и постапката на издавање на А и Б дозволи: Преземање на дејствија во насока на утврдување на моменталната состојба во сферата на работата и регулирањето на постоечките големи индустриски капацитети кои функционираат и работат во нашата држава, начинот, постапката и надзорот врз нивната работа, кој со каква дозвола работи (А или Б дозвола). Со мапирањето на важните индустриски објекти понатаму се отвара пат одблизу да ја следиме нивната работа, дали се запазени законските процедури и правилата кои ги обврзуваат како да работат, дали му носат повеќе штета или корист на општеството, колку државните органи и организации ги толерираат нивните евентуални пропусти во работењето.
- Анализа на усогласеноста на постапките во областа на животна средина, односно усогласеност со Закон за општа управна постапка, Закон за прекршоци, Закон за минерални суровини); Преку оваа активност ќе може да се изврши преглед и подетална анализа на постоечките законски одредби кои го регулираат отварањето, делувањето и работењето на индустриските капацитети во земјава, како и анализа во поглед на усогласеноста на самите законски одредби во различните закони од оваа област. Посебен акцент ќе се стави на усогласеноста на постојните законски решенија со Законот за минерални суровини. На крајот на анализата ќе следат и заклучоци.
- Анализа на студии на случаи од областа на корупција во животна средина, односно анализа на случау каде имало инциденти кои резултирале со последици по животната средина (на пример, рудници и тековни процеси); Истражување и анализа на минимум 5 случаи на капацитети или рудници кои по реакции и барање на јавноста се затворени, начинот на кој е издејствувано нивно затворање, бенефитот на граѓаните од затворањето. Разгледувањето на 5 различни случаи кои веројатно и на пошироката јавност и се делумно познати, ќе овозможи да се сумираат резултати кои понатаму ќе служат како добра практика, како треба односно не треба во иднина да се постапува, не само од самите концесионери, туку и државните органи и институции, инспекциските служби. Кај граѓаните и граѓанските организации, но и кај новинарите ќе се разбуди повеќе свеста за уште погласно да реагираат против сите неправилности кои се случуваат во индустрискиот сектор.
- Упатување на прашања до општините и Министерството за животна средина и просторно планирање преку правото за слободен пристап до информации. За сите недоречености и нејаснотии во поглед на законските решенија од областа на животната средина, нивно (не)доследно спроведување, нивната примена односно непримена врз работата на постоечките индустриски капацитети и слично. Детектирањето на проблемите и недореченостите во вид на прашања беа упатени директно до општините и МЖСПП кои се и главните ,,виновници,, односно надлежни органи за издавање на А и Б дозволите. Институциите беа транспарентни и дадоа одговори на сите прашања кои ја засегаат пошироката јавност, а беа од значење за животната средина, но и за коруптивните влијанија кои повеќе или помалку се застапени во оваа област.
- Во тек е објавување на текстови и новинарски статии на веб страната: www.text.mk. Целата истражувачка работа во текот на времетраењето на проектот на крај ќе биде преточена во текстови и новинарски статии кои ќе бидат достапни до пошироката јавност преку веб страната: www.text.mk со кои имаме соработка. На тој начин голем број на граѓани и граѓански организации ќе имаат можност одблиску да се запознаат со тековните настани и случаи, како и со моменталната состојба на индустриските капацитети ширум нашата земја.