Во рамки на грантовата шема на проектот “Заедно во борба против корупција”, Здружение Мултикултура преку 6 месечниот проект “Младите против корупција”, има за цел да придонесува за подигнување на јавната свест кај граѓаните за корупцијата и коруптивните практики, преку зајакнување на капацитетите на младите во областа на истражувачко новинарство.
До досегашната имплементација на проектот, постигнати се овие резултати:
-анкетирани граѓани од Општина Тетово во врска со корупцијата и коруптивните практики во ова општина
-Идентификувани најчестите коруптивни практики
-Зајакнати капацитетите на младите од Општина Тетово во областа на корупцијата и истражувачкото новинарството
Подигнување на јавната свест кај граѓаните за корупцијата преку подготовка на информативни видеа и промотивните материјали, се активности кои ќе следуваат во наредниот период во рамки на овој проект.
Проектот е поддржан од СКУП Македонија во рамките на акцијата „Заедно во борба против корупцијата“ финансирана од Европската унија. Институтот за човекови права и Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ се партнери во оваа акција.