ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПОД ЗАКАНА НА УРБАНИЗАЦИЈАТА

автор: Горан Лефков

Но овој хотел не е единствениот обид за урбанизација и уништување на езерото.

„Со донесување на законот за туристичко развојни зони од 2012 година се предвидува ваков тип на зони да се зони од јавен интерес. Што значи дека постапките и целата документација за спроведување односно за спроведување на градба на истите по некоја забрзана односно скратена постапка. Условите да може да се креира една туристичко развојна зона е главниот услов е сопственик на целото тоа земјиште да биде државата“, вели Александра Бујароска од НВО Фронт 21/42.

Место во Туристичко развојните зони му се даде и на индискиот бизнисмен Субрата Рој, и на неговата Сахара Груп, но засега не изградил ништо. Тој беше уапсен во Индија за финансиски криминал, каде се уште се води постапка против него.

За да се задоволи индискиот контроверзен бизнисмен, се планирало охридското крајбрежје да биде со морски песок.

 

За повеќе погледнете го видеото.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство”.)

Оставете коментар

коментар(и)