Здружението ,,Медиа плус“ ги интензивира активностите предвидени во рамките на проектот ,,Подарок под рака“.
Тимот кој што работи на проектот ги сумира податоците кои што во изминатиот период ги собираше преку алатките предвидени во рамките на проектот.
Целта на проектот „Подарок под рака“, е преку истражување на практиките на донирање, спонзорирање и соработка на компаниите со општините, јавно да се укаже на можни коруптивни делувања, со што делуваме во сузбивањето на корупцијата преку зголемување на свеста кај граѓаните. ,,Медиа плус“ работи на истражување и анализа на ваквите практики кај 11 општини.
Состојбата во која што во моментов ја минува не само нашата земја туку и светот, справувањето со пандемијата и борбата со короновирусот, на еден начин ја успорија достапноста на некои информации, посебно оние од стана на администрацијата, меѓутоа штуроста на некои од добиените информации ги надополнуваме преку другите достапни алатки во истражувачкото новинарство.
Оние сознанија кои што првично би можеле да ги анализираме, барем што се однесува до транспарентноста на општините , говорат дека информациите за донациите кои што општините ги добиваат, се нецелосни со утврдување на сумите за донирани средства, но не и кој донирал, за што донирал и каде и во која цел се искористени тие средства.
Ги анализираме информациите кои што ги добивме од Министерството за правда преку законот за слободен пристап до информации и кои се фирми се јавуваат и добиваат тендери по општините. Се откриваат врски меѓу спонзорствата и донациите со добиени јавни набавки.
Ги внесуваме податоците во графикони посебно направени за секоја од анализираните општини и истите ни се база за изработката на визуелизациите.
По заокружувањето на истражувањето и анализата на ваквите практики кај 11 општини ќе селектираме три општини. Од податоците, интервјуата на терен, информациите и сознанијата, подготвуваме и три новинарски стории , што ќе бидат јавно објавени. Создавање на дата база што ќе произлезе од истражувањето, е во функција на сите идни истражувачки приказни и истражувачки новинари.
Проектот е поддржан од СКУП Македонија во рамките на акцијата „Заедно во борба против корупцијата“ финансирана од Европската унија. Институтот за човекови права и Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ се партнери во оваа акција.