СКУП ИНТЕРВЈУ, ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ: ДОПРВА ЌЕ СЛЕДИ НОВА „ЕПИДЕМИЈА“

Нашата популација е една  од најнездравите во Европа. Речиси секој втор наш граѓанин над осумнаесет гидини има некаков хроничен здравствен проблем. 45% од мажите над 18 години пушат и 37% од жените. Нд 60%, значи повеќе од секој втор граѓанин над 18 години има прекумерна телесна тежина.

Потребен комплетен ресет на општествениот систем, а поради ограничувањето на здравсвениот систем и неговото насочување првенствено кон лекување ковид пациенти, допрва ќе следи нова епидемија.

Даниловски смета дека локдаунот на здравствениот систем и сторнирањето на сите елективни здравствени услуги го искомпромитира неговото функционирањето за целата друга патологија, освен за ковид-19.

Професорот по медицина, епидемиолог, смета дека нокдаунот на здравствениот систем и сторнирањето на сите елективни здравствени услуги го искомпромитира неговото функционирањето за целата друга патологија, освен за ковид-19.

СКУП: Врз што се темели  ваквата кнстатација?

„Последиците, севкупните состојби со пандемијата од коронавирусот, ќе ги видиме во некое друго време. Веројатно не`очекува втора епидемија од лепеза хронични заболувања и ментални проблеми. Меѓу причинителите е и нездравиот начин на исхрана што и пред пандемијата беше втора глобална водечка причина за лошото глобално здравје и воопшто за смртност на светско ниво.

СКУП: Да, телесната тежина за време на Корона пандемијата се посочува како ризична. Што покажаа актуелните состојби?

За време на пандемијата се покажа дека оваа лоша подлога на здравјето директно влијае врз тежината на болеста и исходот од лекувањето на Ковид-19. Дебелината, кардиоваскуларните болести, дијабетесот, хипертензијата, значително го зголемуваат ризикот од компликации од вирусот. Значи, според анализите, имаме популација со многу здравствени проблеми. Меѓу понагласените се што секој трет граѓанин се соочува со прекумерна телесна тежина. Во државава се регистрирани околу четиристотини илјади граѓанои со дијабетис, сто илјади со бронхо дијагнози и сето во рамките на население од околу еден милион и шестотини, седумстотини илјади.

СКУП: Каде да се бараат решенијата?

За излез од ваквата состојба нужни се промени, а тие се можни со луѓе стручњаци кои кои ќе носат одлуки соодветни на потребите на целокупниот здравствен ситем. Експерти кои ќе умеат да воспостават потребни интегрални комуникации за севкупните здравствени потреби во рамките на државата.

СКУП: Професоре, во овој период, каква е актуелната состојба со пандемијата кај нас, кое е Вашето согледување?

Во овој период, се осмелувам да претпоставам, станува збор за еден друг тип од вирусот, таканаречениог британски сој или мутант и тој си го прави своето. Почна брзо да се шири и кај  нас и ќе си земам  за слобода да кажам дека меѓу причините може да биде и пофлексибилното работно време  на угостителските објекти. И во Европа и во САД овој мутант се шири многу брзо. Евидентирано е дека за десет дена бројот на зафатени со овој мутант во САД се удвостручува. Таму тестирањето е многу раширено па така и следењето на ширењето на вирусот е мошне прецизно. Кај нас тестирањето се врши по случаен избор и аналогно на тоа, не само  тестирањето туку  и симптомите, се главниот индикатор за опфатот на вирусот кај населението. Инаку, да  не сепојавеше мутантот на  вирусот Ковид 19, ние веќе ќе имавме висок процент на имунизација која опфаќа 40 до 45 проценти од населението.

СКУП: Двестоте илјади кинески вакци што ги најави владата,  дали тие би биле  ефикасни и за вирусот ковид мутант?

Досегашните лабороториски испитувања покажуваат дека не само за британската, туку  и за сите досега евидентирани мутации на Корона 19, се сосема малку по неотпорни на новите структури на вирусот. Но, во секој случај, и покрај мутациите, посебно за овој таканречен британски, вакцините на сите производители ја задржуваат високата имунолошка ефикасност. Друго е прашањето за, на пример африканскиот или бразилскиот мутант, но за нив во  светот во тек се интензивни истражувања.вШто се однесува  до бројката од двесте илјади вакцини, односно за сто илјади граѓани, тие нема да бидат доволни за сто постотна имунизација на македонското население. Но  ако претпоставиме дека досега петстотини граѓани се имуни на вирусот, тоа значи и дека новите вакцинирани сто илјади значително ќе го зајакнат севкупниот колективен имунитет во државата. При тоа, секако се смета и на вакцини од други извори, а не само на тие двесте илјади, нормално ако и ние и другите пак не бидеме изиграни од производителите со нивните погрешни проценки за сопствените произвоствени потенцијали.

СКУП: Кога веќе се покажа дека светските производители на вакцини немаат капацитет адекватно да одговорат на глобалните потребите, можно ли е некоја од македонските компании, Алкалоид, на пример, да направи договор за лиценцно производство со некоја од познатите светски компании?

Па, тоа навидум е логично  прашање, но не секоја компанија има капацитет, има структура која ќе и`овозможи да произведе вакцина макар тоа било лиценцна. Алкалоид произведува лекови, а за вакцина треба друга технолошка структура. Поинаква експертиза, поинаква технолошка база, поинаква специфична опрема и кадар. Секако, оваа наша компанија, барем засега, колку што е познато, не поставила таква развојна ориентација. За натаму ништо не е исклучено. Единствен капацитет во регионов кој досега се занимаваал со производство на вакцини е „Торлак“ од Република Србија и колку што има информации тие се во подготовка да почнат со производство на руската ковид вакцина.

СКУП: Држвава се соочи со неадекватна сопствена законска регулатива при увозот на вакцини што е една од причините за задоцнетата вакцинација во земјава, дали тука има одгвоорност?

Па не. Често регулативите ги налагаат и самите производители. Нашата земја го нема тој проблем генерално, но секако треба да се следат упатствата на производителот извозник и од тој аспект легислативата не би требало  да преставува  проблем.

СКУП: Во јавноста има доза на недоверба од вакцините главно поради фактот што некако на брзина се создадоа вакцини за Ковид 19.

Па, не е баш така. Процесот на производство на оваа вакцина не почна со оваа вакцина. Она што сега значи процедура, постапка за производство на вакцината против вирусот Ковид 19 е само продолжување, континуитет на една антивирусна активност, на многу напори и на многу време и на многу антивирусни активности уште со појавата на Сарс 1 вирусот, а Ковид 19 на некој начин е негов сродник. Тогаш, во  тоа време, испитувањата не продолжија од причина што вирусот Сарс 1 како што се појави така и  исчезна и светот тогаш не се соочи со вирусно зло какво што еова со сродникот Ковид 19. Во меѓувтеме се појави уште еден сарсов сродник од семејството Корона вирусот, се појави Мерсот така што антивирусните истражувања на Корона вирусите, од кои потекнува и актуелниов Ковид 19, се во континуитет.

СКУП: Од пред сто години, од тканаречениот Шпански грип, но нешто и локално како Вариолата во поранешна Југославија во седумддесетите, освен некои локални и регионални епидемии, светот не се соочил со пандемија. Но од 2002-та година наваму, епидемиите, па и пандемија како оваа како да зачестија. Имали објаснување и кои се предвидувањата?

Вирусите се мошне нестабилни. Во однос на веројатноста пак да се случи пандемија, посебно од овие РНК, не е исклучено. Пред се, поради нивната способност за брзи мутирања. На пример, ХИВ вирусот мутира секој ден и тоа по неколку пати и тоа е причината што тој не може да се неутрализира со една  вакцина која би можела да е ефикасна на подолг период и поради тоа се уште не постои потрајна вакцина за овој вирус. И вирусот на Грипот, на пример, на инфлуенцата, мутира на две, три години циклично па на толкв период и се апдејтитраат, се освежуваат, се прават нови вакцини.

СКУП: Што како поука да извлечеме од актуелнава пандемија?

Ха, би требало, да кажам вака народски, таа да ни е за памет. Би требало  да ни е за поука, би требало да нии е за измудрување. Како Хомо Сапиенс суштесва на планетава со здрав разум, како жив вид кој што умее да мисли треба да извлечеме поука и да не дозволиме некоја наредна закана да не`затече неподготвени. Ковидов не затекна, не нас, туку на планетарно ниво, непотготвени. Им се смеевме  на Кинезите кога по улиците бркаа граѓани кои беа без маски. Се подбивавме кога во Индија со пендреци ги дисциплинираа минувачите без маски. Буквално се потсмевавме. Но испадна дека тие народи на Истокот знаеле зошто тоа го прават. Тие имаа искуство со тоа во 2002-ра и 2012-та  гидина. Подучени од тоа искуство мораа да преземат такви драконски постапки. И ние се потсмевавме. И кога ни тропна вирусот нанашата врата, кога ни влезе дама, се уште се потсмевавме. Кога Италија беше на коленици, ние овде уште се потсмевавме. Не само ние, и Американците и сите други се потсмеваа. Шпанија, Франција и Италија „гореа“, ние седевме со скрстени раце. Не само ние, тукугенерално сите други што во тој момент не беа нападнати од корона вирусот. Испадна дека Западот е подзаспан, самобендисан и самозадоволен во својот комфор. Испадна дека таа состојба не поседува механизми за справување со масовни катастрофи. И ако тоа не го  научиме сега, навистина ние не заслужуваме да гоносиме квалигфикативот „Хомо сапиенс“. Па и една Америка, ако сакате, до неодамна со Трамп, некаде до декември месец лани, немаше обврска граѓаните да носат маски дури ни во затворен просотор па видете  што се случува и таму.

СКУП: Како ја оценуватре момннталната состојба кај нас со кадрите и воопшто со здравствените капацитеи за справување со пандемијаата?

Јас не сум клинички активен, но  како проследувач отстрана, можам да забележам дека ситуацијата со справувањето со пандемијата во целата држава е значително подобрена, дека организационо, кадровски и просторно се создадени поповолни услови, дека синхронизацијата на активностите функционира на потребното ниво и дека тоа е состојба не само на инфектовните клиники или на инфективните одделенија туку и на сите други. Тоа што сега се прави е многу, многу поорганизирано и поефектно во однос на времето од чпочетокот на пандемијата.

СКУП: Смртноста од овој  вирус е голема и на светско ниво, но и кај нас посебно.

Па, голема е не само затоа што на почеток од една страна здравствените работници не беа сосема вешти, но од друга страна и здрсавствениот и целиот државен систем, исто така. Потѕоа, меѓу поголемиот проблем беше и фактот што граѓаните многу доцна, а и во поголем број наеднаш, се јавуваа за медицинска  помош. Во клиникте се пријавуваа во поодмината термална фаза, со високи температури. Башка, и според статистиките, нашата популација е една  од најнездравите во Европа. Речиси секој втор наш граѓанин над осумнаесет гидини има некаков хроничен здравствен проблем. 45% од мажите над 18 години пушат и 37% од жените. Нд 60%, значи повеќе од секој втор граѓанин над 18 години, има прекумерна телесна тежина. Преку половината од сите граѓани не се движат, немаат никаква физичка активност. Имаме, нели, преку 400 илјади дијабетичари и преку 100 илјади асматичари. Од малдите под 15 години, 90% од женската популација  воопшто немавникаква физичка кативност. 60% од машките деца исто така. Секој трет граѓанин има  хипертензија. Една таква глобална слика за здравјето на населението е доволна да се види зошто смртноста ни беше толку голема. На пример, најновите бројки од ноември наваму покажуваат дека 92% од сите умрени евидентирани со вирусот имале некое од спомнатите хронични заболувања.

Автор: Виктор Иваноскимлад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)