Тешко се следи имотот на функционерите

Министерката за образование и наука Мила Царовска е најимотна во актуелниот состав на владата. Таа пријавила долга листа на имот во вкупна вредност од 2 милиони и 683 илјади евра. За разлика од 2019 година, имотот пријавен од Царовска е поголем за 1 милиони и 92 илјади евра. Во 2016-та година, пак, како министер за социјални работи пријавила имот во вредност од само 212 илјади евра. Големата разлика се состои во подоцнежното пријавување на поголемиот имот на родителите како и купување на градежни земјишта. Втор и трет на листата на најбогати министри е Крешник Бектеши и Насер Нуредини, кој пријавиле дека поседуваат по 1 милион и 900 илјади евра имот. Останатите министри сеуште не го заработиле првиот милион. На четврто место е министерот за финансии Фатмир Бесими, кој пријавил имот во вредност од околу 900 илјади евра. На петто место е Никола Димитров со 770 илјади евра, Венко Филипче со 690 илјади евра е на шесто место. Премиерот Зоран Заев го зазема 7-мото место. Пријавил имот во вкупна вредност од околу 676 илјади евра. Во споредба со 2016 година, кога за прв пат седна на премиерската фотеља, сега е пократок за 54 илјади евра. Додека беше градоначалник на Струмица неговиот пријавен имот изнесуваше дури 750.000 евра. Седми на листата најимотни владини функционери е министерот за земјоделство Арјан Хоџа со имот од 630 илјади евра, осма е Радмила Шекеринска со 420 илјади евра, девети е Јетон Шаќири со 419 илјади евра, додека десетти е Фатмир Битиќи со 410 илјади евра. Во вториот дел од листата се Оливер Спасовски со 298 илјади евра, Благој Бочварски со 243 илјади евра, Бујар Османи со 187 илјади евра, Горан Милевски со 161 илјади евра, Артан Груби со 143 илјади евра, Јагода Шахпаска со 137 илјади евра и Бојан Маричиќ со 133 илјади. На крајот на листата е Лубчо Николовски со само 102 илјади евра пријавен имот.

За повеќе погледнете го видеото

Оставете коментар

коментар(и)