ТОПАЛОВА: НИТУ ЕДНО ОПШТЕСТВО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДЕМОКРАТСКО АКО Е КОРУМПИРАНО

Борбата против корупцијата останува една заедничка цел, особено во Северна Македонија, каде постои ниска перцепција за овој разурнувачки феномен за институциите и општеството.

Во видео-порака за подигање на свеста за борбата против корупцијата, искусната истражувачка новинарка Катерина Топалова вели дека сите оние кои учествуваат во корупцијата имаат заедничка корист и во исто време заеднички интерес да молчат.

„Улогата на новинарот е да биде коректор на општеството. Ако не зборувате за корупција, тогаш сте учесник “, вели Топалова во оваа видео-порака.

Таа исто така истакнува дека секоја корумпирана влада стравува од слободните медиуми. „Ниту едно општество не може да биде демократско ако е корумпирано“.

Оставете коментар

коментар(и)