Хендикепираните ја препознаваат корупцијата при вработувањето

Проект:Коруптивни практики при вработување на лица со хендикеп

Спроведувач: Полио Плус- движење против хендикеп

          Во рамките на проектот „Коруптивни практики при вработување на лицата со хендикеп“, Полио Плус спроведе две фокус групи, со цел да се согледа моменталната состојба по прашањето на вработувањето на лицата со хендикеп, особено во делот на корупцијата при нивно вработување. На овие фокус групи приоритет беа прашањата околу перцепцијата на корупцијата во оваа сфера и тоа колку таа е препознаена од страна на самите лица со хендикеп при нивно вработување, колку бенефициите кои се регулирани со Законот за вработување на ивалидни лица се, или можат да бидат цел на коруптивни практики.  Зајакнувањето на капацитетите на организациите на лица со хендикеп по ова прашање е од особена важност бидејќи лицата со хендикеп првенствено се обраќаат до нив. Од таа причина покрај самите лица со хендикеп, вработени или баратели на работа, фирмите кои има вработено лица со хендикеп, многу е важно корупцијата во оваа област да биде препознаена и од нивна страна, бидејќи така се зголемува и нивната улога во борбата против корупцијата и коруптивните практики при вработување на лицата со хендикеп.

               Подготовен е и дистрибуиран прашалник за мерење на перцепцијата за степенот на корупција и коруптивните практики при вработување на лица со хендикеп. Интервјуирани беа  120 лица со хендикеп, вработени во јавен сектор, заштитни фирми, приватни фирми од отворн пазар на труд и сл. Целта на овој прашалник беше да се   обезбедат  доволно информации за детектирање на  состојбата на  лицата со хендикеп при пристапот до нивно вработување. Анализата на  резултатите треба да  покаже дали и колку е застапена корупцијата при вработувањето на лица со хендикеп и ќе биде публикувана во следниов период.

               Подготовена е брошура за препознавање на корупција од страна на лицата со хендикеп (што смеат, а што не смеат да прават работодавачите, во оснос на постапка за вработување, исплата на плати и сл.)  Преку брошурата треба да се информираат сите заинтересирани лица што е корупција, како да ја препознаат, како да се однесуваат и како да постапат за да се заштитат од истата, како (не)смеат работодавачите да се однесуваат спрема кандидатите и потенцијалните вработени лица со хендикеп. Брошурата особено ќе им биде од корист на лицата со хендикеп, за многу подобро да се запознаат со своите права,  а во исто време и да се заштитат од разни злоупотреби и корупција.

Проектот е поддржан од СКУП Македонија во рамките на акцијата „Заедно во борба против корупцијата“ финансирана од Европската унија. Институтот за човекови права и Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ се партнери во оваа акција.

Оставете коментар

коментар(и)