„Шестка“ тежи над 5 милиони евра –Милионерот Тачи вреди колку цело „Вреди“

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на новоизбраните пратеници во македонското Собрание од шесттата изборна единица.

Изработил: ТИМ на СКУП – Македонија

Шесттата и последна изборна единица како и претходните ја сочинуваат дваесет пратенички мандати, од кои по осум пратенички столчиња се резервирани за Европскиот фронт на ДУИ и коалицијата „Вреди“, потоа тројца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата и еден пратеник на СДСМ.

Европскиот фронт „тежи“  над 3,1 милиони евра – од нив Мендух Тачи милионер

Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ и седуммината пратеници во новиот парламентарен состав за кои поседуваме анкетен лист пријавиле имот во вредност од 3.108.197 илјади евра. Најмногу меѓу нив отскокнува лидерот на Демократската партија на Албанците(ДПА), Мендух Тачи, кој пријавил имот од 1.230.000 илјади евра што го прави неколкупати побогат од останатите негови колеги. Зад Тачие пратеникот Бејџан Илјас со пријавен имот од 430.000 евра, а во ТОП 3 најбогати пратеници од Европскиот фронт се најде и пратеникот Илир Демири со имот вреден 406.497 евра. Пратеничката Рина Ајдари пријавила имот во вредност од 353.089 евра, зад неа се најде нејзината колешка Илире Даути со имот од 297.000 илјади евра, додека пак пратеникот и поранешен премиер, Талат Џафери „тежи“ 251.189 евра. Најсиромашен помеѓу народните избраници од коалицијата на „интегративците“ е претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој пријавил имот, за разлика од другите, од „скромни“  140.422 евра.

Пратеникот Сали Мурати го нема во онлајн регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и затоа не е опфатен во нашето денешно истражување.

Али Ахмети „најсиромашен“ – но се поврзува со скандали за коруптивно однесување

Аферата „Маџар Телеком“  во Макеоднија не доби судска разрешница, но во САД, доби разрешница против унгарските директори кои беа прогласени за винови. Сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека мито од Телеком зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Бучковски веднаш одговори дека Богоевски измислува, а ДУИ реагира дека сведочењето е конструкција на непосточки настани и околности, дека е апсолутно невистинито и дека е во функција на претстојните избори. Изјавата дека зеле мито по 2,5 милиони евра од „Маѓар телеком“ бивши и сегашни високи функционери, Богоевски рече дека му била веднаш прифатена од надлежниот суд во САД.

„Судењето е завршено. бидејќи обвинетите признаа вина дека поткупувале македонски политичари, случајот е затворен“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Слободан Богоевски откако вчера попладне СЕЦ објави дека со унгарските директори се спогодиле да платат казна за поткуп.. 

Милионерот Мендух Тачи обвинет во „Титаник“ – доби условна казна

Најбогатиот пратеник во „шестка“, лидерот на ДПА, Мендух Тачи беше обвинет во обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во предметот „Титаник“кој се однесува на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ на локалите избори во 2013 година во Струмица.

Така, наместо две години затвор, на кои првостепено беа осудени лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и четворица поранешни членови на ДИК (Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев), со делумното преиначување на пресудата на Кривичен, тие сега правосилно се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следите четири години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Сите четворица се гонеа за кривичното дело повреда на избирачкото право.

„Вреди“ во шестка вреди над 1,3 милиони евра –Снопче сам пријавил имот од над половина милион евра

Петмината пратеници на коалицијата „Вреди“за кои поседуваме податок од вкупно осум  пријавиле имот далеку „посиромашен“ од ривалот во албанскиот блок ДУИ,  од 1.374.434 евра.

Најголем имот во анкетниот лист пријавил Халил Снопче„тежок“ 550.000 илјади евра. Зад него е лидерот на ДвижењетоБеса,Биљал Касами со 351.961 евра, а зад него на треттата позиција во „шестка“ се наоѓа пратеничката Мимоза Муса со 253.000 евра. Саранда Имери-Стафаи пријавила имот од 214.473 евра, додека пратеник со најмал имот е Беким Ќоку со имот од едвај 5000 евра.

За пратениците Фатмир Лимани, Садик Сулејмани, Имрлије Салиу – Фетаине поседуваме анкетен лист од онлајн базата на ДКСК.

Двоецот на ВМРО-ДПМНЕ во шестка „тежи“  над половина милион евра

Во изборната единица шест, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија три пратенички мандати, од кои за двете пратенички, Дафина Стојаноска и Валентина Марчевска поседуваме податок за анкетниот лист. Пратеничката со стаж во македонскиот парламент, Дафина Стојаноска пријавила имот во вредност од 321.235 евра, додека нејзината колешка, Валентина Марчевска поседува имот од 214.829 евра.

За пратеникот Александар Велјановски не поседуваме анкетен лист за вредноста на неговиот имот.

Вкупната вредност на дветте пратенички на ВМРО-ДПМНЕ во шесттата изборна единица е 536.064 евра.

Славјанка Петровска пријавила имот од 180 илјади евра.

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка во новиот парламентарен состав е единствен пратеник од СДСМ и коалицијата од шесстата изборна единица. Петровска пријавила имот во анкетниот лист од 180.199 евра.

Вкупната вредност на шесттата изборна единица е 5.198.894 евра. Најбогати се пратениците на најбројните коалиции, Европскиот фронт на ДУИ (3,2 милиони евра) и коалицијата „Вреди“ (1,3 милиони евра). Најголем имот пријавил лидерот на ДПА како дел од Европскиот фронт, Мендух Тачи со над 1,2 милиони евра што го прави и по неколкупати побогат од останатите пратеници за кои поседуваме анкетен лист за вредноста на имотот. Најсиромашен пак е пратеникот Беким Ќоку со 5000 евра. Во просек еден пратеник во „шестка“ поседува имот од 346.592 евра.

Оставете коментар

коментар(и)