СКУП го преведе, промовира и дистрибуира меѓу студентите „Истражување врз база на постоечка приказна – Прирачник за истражувачки новинари“. Ова е публикација на УНЕСКО. Бидејќи ниту еден Македонски универзитет нема никаква литература за истражувачко новинарство, ние го дистрибуиравме овој Прирачник и одржување предавања на три македонски универзитети. Поради големиот интерес дел од студентите доаѓаа на пракса во просориите на СКУП. Вкупно 1500 примероци беа дистрибуирани на Македонски и на Албански јазик.
Овој проект е реализиран со поддршка на Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје.
(Кликнете на насловната страна за да го прочитате прирачникот)