СКУП на Хрватската национална телевизија

Трагедијата со загинувањето на 14-те мигранти кај Велес, вчера, беше ударна вест на повеќето телевизиски станици во регионов. И не само заради многуте прегазени од возот кој сообраќа на релација Солун – Белград, туку и заради тоа што овој проблем ги погодува скоро сите земји во регионов како и ЕУ. Мигрантите од Блискиот Исток и Африка веќе ги запалија алармните звона во неколку членки на ЕУ особено Германија.

Во прилогот на Дневникот од 19.30 на првата програма Хрватската телевизија, своја кратка анализа даде и еден од директорите на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, Александар Божиновски. Тој зборувајќи за трагедијата појасни дека шверцерските рути кои ги користат мигрантите се истите оние кои се користат за шверцување на дрога и оружје, односно дека се работи за истите криминалци. Мигрантите има плаќаат по неколку илјади евра за да ги однесат до некоја ветена земја во ЕУ.

Прилогот на ХТВ е на самиот почеток на видеото е веднаш по генералната најава, односно од 00:49 до 06:53

Оставете коментар

коментар(и)