Последната шајка во македонската железница забиена пред половина век
пишува: Горан Лефков Празни возови, недостаток на вагони, малку локомотиви, катастрофално лоши пруги. Иако најбезбеден, најкомотен и најевтин, железничкиот сообраќај кај нас е пред распад. Од празната политичка пропаганда која во изминатите години побуди надеж дека конечно ќе се олесни патувањето преку модерни возови, остана само суровата реалност – лоша железничка инфраструктура, укинување на веќе постоечките линии и отсуство на инвестиции за нормално функционирање на овој сообраќај. Дали уништувањето...