Царовска: Се делеле хонорари на вработени од 50 илјади денари
разговарал: Никола Рашо Радулов Во каква состојба го затекнавте Министерството за труд и социјална политика откако стапивте на функција? Како и во сите други сектори, така и во овој со кој што раководам затекнавме многу неправилности и злоупотреба на средства. Лично бев запрепастена од високите хонорари што ги примале вработените во Министерството, преку учества во разни комисии и работни групи (комисија за лиценцирање, комисија за посвојување, работни...