БЕЗ МАЧКА ГЛУВЦИ НЕ СЕ ЛОВАТ – БЕЗ РЕСУРСИ КОРУПЦИЈА НЕ СЕ СУЗБИВА

Потребни се кадри, простор и технологија, а токму овие клучни ресурси се најслабата алка во македонската борбата против корупцијата па излегува дека „борбата“ и не е борба. Политичката воља и посветеноста на институциите се само почетна фаза. Нужен е и институциналнен капацитет.

„Кога мачката ја нема глувците оро играат“. Од оваа народна поговорка е извлечлен и  насловот за оваа сторија посветена на македонската борба против корупцијата.

Сите досегашни меѓународни извештаи за степенот на корупцијата во сега Република Северна Македонија упатуваат на висок степен на корупција во земјава кандидат за членствово ЕУ.

Се уште борбата против корупцијата во земјава останува само декларативна заложба на сите досегашни политички структури. Легислативно, следејќи ги препораките од европските институции, сепак е сторено доста. Но во пракса работите во борбата против корупцијата не се движат со прокламираниот интензитет. Ако е бар нешто за поздравување, а времето ќе покаже за продуктивноста, е фактот што актуелната влада постави дури иминнистер задложен исклучиво за координација на системот за борба против корупција.

Но и неговата прва констатација е дека во институциите надлежни за сузбивање на криминални појави воопшто, па и посебно во контролните институционални субјекти задолжени за антикорупција, недостасуваа кадар. Покрасј другото, покрај се уште недоволната политичка волја и фактот дека скоро сите закони се хармонизирани со препораките на Брисел, нивното спроведување оди тешко токму поради слабите капацитети на институциите кои се дел од борбата против корупција и организиран криминал.

Ниту една власт досега не водеше и сега не води сметка за овие институции. Недостасуваат ресурси во различни форми. Јавното обвинителство е најзначајната институција за борба против корупцијата. Тие се воедно и најважни:

Сашо Рајчев е основен јавен обвинител во скопското обвинителство:

„За тоа какви се кадровските капацитети со кои располагаме, може да се клонстатира дека се поразувачки. За да обвинителот паралелно со обезбедувањето на докази за кривичното дело обезбедува и докази за противправна имотна корист, треба да има тим околу себе“.

Од потребните двесте и дваесет јавни обвинители колку што се потребни и предвидени според систематизацијата на оваа институција, во неа има само сто и седумдесет или недостаува една цела третина. Но, освен обвинители, во истражните центри

недостасува и помошен персонал со полициски овластувања. Кадровскиот план е уште од пред десетина години но се досега е само на хартија.

„Истражители имаме од оваа година. Но тоа е зачеток на истражителите. Седум години немавме ниту еден истражител. Бројот е минимален, од друга страна овој истражен центар нема никакви капацитети. Ниту опременост, да речеме хардвер, сервер за следење на определени состојби на криминалот. Најтривијален пример е што истражителите немаат возило, за да по наредба на обвинителот да одат и да обезбедат докази. Зборам за ОЈО Скопје со кое раководам. Едно е возилото со кое што службениците ги носат обвиненијата до судот, ги носат наредбите до МВР едно е тоа возило и ако на истражителите да обезбедат некој доказ. Станува збор за големо обвинителство. Се поклопуваат обврските, а услови нема“,вели Рајчев.

Аларми за лошите состојби во Главната институција за борбата против корупцијата стигнуваат од секаде:

Максим Ацевски е Главен државен ревизор:

„Согласно извршената ревизија, којашто значи институционални капацитети на Јавното Обвинителство, констатиравме дека има потреба за зголемување и на финансиските сретства и на човечките ресурси и на материјалните сретства за да може јавното обвинителство да даде соодветен резултат, односно да го испорача очекуваниот резултат“.

Не се само обвинителите дефицитарни. Земјава се соочува и со недостаток на судии. Според податоците на Министерството за правда фалат околу сто и педесет судии.

Реагираат и од една од клучните институции за борба против корупција. Од Државната комисија за спречување на корупцијата се жалат дека функционираат на работ на работна егзистенција. Таму по систематизација имаат предвидено шеесет работни места, а се вработени само дваесет и четири:

Катица Николовска е член на Државна комисија за спречување на корупцијата – ДКСК:

 „Од првиот момент се соочуваме со недостиг на ресурси. Човечки, технички, просторни. Оваа година е добра за нас бидејќи имаме најави да се преселиме во нови простории. Чекаме Владата да донесе одлука. Тоа е втората половина на зградата што СЗР ја користи за свои потреби“.

Во Државниот завод за ревизија, според потребите на оваа институција, треба да има 168 вработени, таа нема ниту сто. Од планирани 149 ревизори имаат само 90.

„Во овој момент бројот на вработени е утврден на 168, ние сега имаме 100, меѓутоа велам во споредба на она што значи во претходната година, имаме постепено зголемување кое во суштина се базира на потребите на Државниот Завод за ревизиј“ , вели Ацевски.

Сепак, најтешка е кадровската состојба во Агенцијата за управување со одземен имот. Таму недостасуваат ниту минимални услови за работа:

Фатон Асани е директор на оваа агенција:

Покрај тоа што фалат луѓе во Агенцијат за управување со одземен имот, на оваа институција и недостасува магацински простор и посебно нужни се и некои законски промени. Просториите во кои сега се наоѓа Агенцијата не се доволни. Треба да имаме посоодветен простор. Сега сме сместени во околу 200 метри квадратни, меѓутоа за добра функционалност на институцијата,потребни ни се најмалку 500 метри квадратни“.

Кога нема доволно, посебно кадровски ресурси, борбата против корупцијата станува скоро невозможна мисија:

Борче Давитковски, професор на Правен Факултет при УКИМ:

Проблемот на корупцијата за жал е рак рана на нашево општество, Мислам дека со транзицијата, со промената на Власта, не дека немаше корупција во поранешниот систем, но таа беше таканаречена комунистичка корупција прикриена корупција, односно привилегии повеќе беа, за жал системски е проблемот и мораме на друг начин да го решаваме. На овој начин не можеме да го решиме проблемот. Се дури кај нас во Македонија оној којшто влегува во политика, оној којшто ќе стане министер сака да си го натовари магарето за 3-4 години, да испадне еден од големите богаташи. И првенствено да се пресели на Водно, еве Водно ќе падне веќе. Покрај куќите што беа на Црвената буржуазија сега веќе имаме згради. Тоа е свлечиште и нема да издржи. Само една анализа некој да направи од 90 или 91, колку министри биле, колку премиери, претседатели на партии и тн. Каде живеат сега. Ние како систем им овозможивме на тие функционери да ги искористат сите механизми на политичка моќ, да земат дел од општествениот капитал дел од буџетот да го трансферираат за лични потреби“.

Катица Николовска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата – ДКСК:

Новиот закон предвидува анкетниот лист, односно изјавата за имотната состојба и судирот на интереси да се пополнува електронски. За да се поднесе електронски потребно е да има соодветен софтвер. Во 2019 година со помош на УСАИД овозможивме донаторска подршка за тој софтвер, го развивме анкетниот лист, пропишан е, не е усвоен, бидејќи ако го усвоиме моораме да го примениме, бидејќи немаме технички услови. Врз основа на тој фрмат на анкетен лист го градиме софтверот кој треба да овозможи, не само поднесување, туку и автоматска проверка на податоците. Што значи тоа. Јас кога ќе го отворам системот и ќе започнам да ги внесувам податоците за мојата имотна состојба, јас не треба да кажам Катица Николовска има имотен лист број тој и тој. Поврзувањето со Агенцијата за катастар треба да ги исфрли автоматски сите имотни листови каде јас фигурирам како сопственик, корисник или на било кој друг начин. Или кога ќе пријавам возило, базата на податоци од Министерството за внатрешни треба да исфрли со што јас располагам. Системот што го планиравме е замислен на таа основа. Сиетемот е замислен да се внесат што помалку податоци, а самиот софтвер треба да зема податоци од базите на другите 17 институции со кои ние треба да бидеме поврзани“.

Нашите институции за борба против корупцијата не можат да ги решат своите основни проблеми, а камо ли да се посветат на соработката со другите институции:

Сашо Рајчев, основен јавен обвинител на ОЈО Скопје вели дека ресурсите на обвинителството се на многу ниско ниво:

„За жал сеуште не се поврзани со ниту една институција. Ниту со институциите обвластени по закон да го следат движењето на парите и другата имотна состојба на граѓаните. Како на пример Агенцијата за катастар на недвижности каде се запишува сопственоста на секој недвижен имот. Со МВР каде се евидентира сопственоста на возилата. Со Управата за финансиско разузнавање кои го следат движењето на парите во целата држава, како приливите на сретства од дома, така и со сретства од

странство. Не сме поврзани со Управата за финансиска полиција. Значи недостасува системско зајакнување на капацитетите на Обвинителството и поврзаност со другите институции“.

Од Обвинителството се жалат дека немаат ресурси, додека останатите институции чекаат на нив. Ова е една од главните проблеми во системот за борба против корупцијата:

Максим Ацевски, Главен државен ревизор:

Тој период на непревземање на активности од надлежните органи, мислам дека треба да биде побрз и поефикасен и само со тоа може да ја подигнеме довербата кај граѓаните. Ако Државниот завод за ревизија, констатирал одредени неправилности, ги доставил до Јавното Обвинителство, Министерството за внатрешни работи до Финансиската полиција и тн, не може да трае тоа три години во фаза на истражување“. 

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнел Македонија го потврдува фактот дека секаде во институциите недостасува кадар. Истовремено таа додава и дека и тој кадар што го има не се води сметка за него.

„Во сите институции кои што се надлежни за било кој аспект на борбата против корупцијата и криминалот недостасува човечки капацитет. Значи не се пополнети сите работни места во актите за систематизација ниту во Јавното обвинителство, ниту во Управата за финансиско разузнавање, ниту во Управата за финансиска полиција, во Антикорупциската комисија, значи секаде имаме недостаток од луѓе кои што би биле извршители во смисла на превенција и борба против корупцијата и криминалот од секој аспект. Некаде се прават напори да се реорганизира да се направи нова систематизација, но тоа е пак со недоволен капацитет и човечки и просторно и секако. Се назначуваат луѓе на нови места а седат уште на старите, не можат до крај да си ги остварат своите функции“.

Во земјава има 139.000 административци во јавниот сектор. Државава никогаш немала повеќе кадар, а во истовреме, никогаш повеќе не и недостасувале луѓе.

За целата неповолна ситуација со институциите задолжени за борба против корупцијата професорот Давитковски констатира:

„Тие немаат луѓе. Немаат софтвер, неможат за влезат во системите, истотака е голема грешка, така работат и другите и Обвинителство не е екипирано. Ниту финансиска полиција не е екипирана, секаде кај нас се доекипираме со партиските војници и влегуваат во класичната администрација каде без образование без стручност и компетентност, не одат на работа едноставно си бркаат партиски активности. Ние така ја полниме администрацијата. Веќе дојде до 147.000 во 2017 беа 123.000 веќе се 140 и нешто. Пред некој ден читав податоци за неа. Само во изминативе 2 месеци се примени 4.500 вработени“.

Ресурсите се најважен предуслов за брорба против корупцијата. Но не се и единствен:

Ако имате човечки ресурси, ако нема интегритет, тогаш не сте направиле ништо. Но ако имате интегритет, а немате човечки ресурси, повторно имате проблеми. Справувањето со корупцијата и превенцијата во суштина бара, доволно човечки ресурси коишто имаат соодветен интегритет. И коишто ќе бидат посветени да одработат во името на државата, да не го гледаат личниот интерес туку да го претстават интересот на државата. Само кога ќе имаме доволен број квалитетни човечки ресурси со соодветен интегритет, во тој момент можеме да зборуваме дека сме преземале соодветни предуслови за превенција и борба против корупцијата“, вели Максим Ацевски, главен државен ревизор.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски ја потврдува состојбата со недостигот на кадар. Недозволиво е, вели тој, клучни институции да се соочуваат со недостиг од луѓе.

„Јавното обвинителство за кое зборуваме дека треба да го дигитализираме целосно. Ама Јавното обвинителство во Скопје, во државното Јавно обвинителство има само еден ИТ инженер. Управата за јавни приходи има само двајца или тројца вработени кои што се занимааат со секторот за проверка на потекло на имот на избраните и именувани функционери, што е значајна тема и за која велиме во идниот период ќе носиме законодавство и легислатива и ќе ни треба силна имплементација“.

Легислативата и нејзиното изигурување е уште еден камен на сопнување во борбата против корупцијата:

„Законите своевремено се менувани, дополнувани, и безброј пати преиначувани во насока на овозможување на погодности на групи, поединци и тн. Значи кога во самиот закон е наместена можност за влијание, интервенции, за коруптивни активности, без при тоа да биде предвидена можност за санкционирање, тоа е системска копрупција. И тука не можете да се борите, затоашто се е по закон“ вели. Катица Николовска, член на ДКСК.

Покрај законите, треба власта да покаже и поголема воља и поголема одговорност и отчетност при своето владеење:

„Што е најтрагично, никој не одговара. Никој не одговара во нашава држава. Тоа е класична злоупотреба на право. Пазете како право на пратеник, никој да не одговара“ заклучува професорБорче Давитковски.

Сите согворници за оваа видео и текстуална сторија на СКУП на темата „борба против корупцијата“, упатуваат на фактот дека политичката воља и посветеноста на институциите се само почетна фаза. Нужен е и институциналнен капацитет и тоа не само дефинирани во закоините кои ги  формираат институциите и на кои им даваат надлежности, туку се потребни кадри, простор и технологија.

Но токму овие клучни ресурси се најслабата алка во македонската борба против корупцијата па излегува дека „борбата“ и не е борба.

Автор: Дарин Поповски-млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)