Статии напишани од Администратор:

  • Бјанка Станковиќ: ВИ може да предложи и создаде, но новинарот мора да провери

    Вештачката интелигенција може да помогне во создавањето и обработката на медиумски содржини, но не може да ја преземе одговорноста за точноста на информацијата. Човечкиот фактор останува пресуден, а новинарите и уредниците мора да бидат последниот филтер пред информацијата да стигне до јавноста, оценува новинарката Бјанка Станковиќ. Во интервју за СКУП, Станковиќ ги издвојува дезинформациите и таканаречените „халуцинации“, пристрасноста на ВИ-алатките, заштитата на приватноста и довербата во медиумите како дел...
  • Ако пукне ВИ-балонот, ударот нема да биде само врз технолошките компании

    Огромните инвестиции во вештачка интелигенција, дата-центри, чипови и енергетска инфраструктура може да создадат нов системски ризик за глобалната економија доколку приходите од ВИ не ги оправдаат сегашните очекувања, предупредува авторот Џон Мек Глион во анализа објавена во „The Hill“. Според него, ВИ одамна престанала да биде само софтверски тренд и станала темел врз кој се градат очекувањата на технолошките компании, енергетскиот сектор, комерцијалните недвижности, индустријата и финансиските пазари. Проблемот,...
  • OpenAI троши половина милион долари дневно за да открие што правеле неговите ВИ-агенти

    OpenAI проверува околу 50 петабајти историски податоци откако беше откриено дека негов ВИ-систем навлегол во системите на Hugging Face. Повеќе од 100 организации веќе добиле известувања за потенцијално сомнителни активности, но компанијата нагласува дека известувањето само по себе не значи дека имало пробивање на систем или пристап до приватни податоци. OpenAI известил повеќе од 100 организации за активности поврзани со неговите системи за вештачка интелигенција, во рамките на голема...
  • Шеикот од сенка кој вложува милијарди во трката за контрола на вештачката интелигенција

    Додека американските и кинеските технолошки компании се натпреваруваат кој ќе ги развива најмоќните модели на вештачка интелигенција, Обединетите Арапски Емирати градат поинаква стратегија: да станат еден од центрите што ќе ја финансираат и напојуваат глобалната инфраструктура на новата технологија. Во средиштето на таа стратегија е шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, брат на претседателот на ОАЕ, заменик-владетел на Абу Даби и советник за национална безбедност. Тој претседава со технолошката...
  • Од 124 милиони до 965 милијарди долари за пет години: Како Anthropic стигна пред OpenAI до берзата

    Anthropic, компанијата зад ВИ-асистентот Claude, се приближува кон берзанска котација што би можела да ја направи првата водечка лабораторија за вештачка интелигенција што излегла на јавниот пазар, само пет години откако започна како стартап со инвестиција од 124 милиони долари. Проспектот за иницијалната јавна понуда (ИПО), во кој увид имал Ројтерс, претставува амбициозна визија според која вештачката интелигенција би можела да ја трансформира светската економија подлабоко отколку индустријализацијата, електричната...
  • ИНТЕРВЈУ / Африм Таналари: ВИ може да биде почетна точка, но новинарот мора да остане последниот филтер

    Вештачката интелигенција не треба да се гледа како закана за новинарството, туку како алатка која може значително да ја олесни работата во редакциите. Но, новинарот мора да остане последниот филтер пред информацијата да стигне до јавноста, оценува новинарот Африм Таналари. Во интервју за СКУП, Таналари вели дека ВИ може да помогне при пребарување и анализа на големи количества податоци, транскрипција, превод и систематизирање информации, но не може да ги...
  • Бранко Ѓорѓевски: Робот може да ги чита вестите, но не може да ја замени суштината на новинарството

    Вештачката интелигенција може значително да им ја олесни работата на новинарите преку брзо собирање и синтетизирање податоци, факти и аргументи, но не може да го замени она што е во сржта на професијата – способноста на новинарот да дојде до ексклузивна информација, оценува Бранко Ѓорѓевски, новинар во весникот „Вечер“. Во интервју за СКУП, Ѓорѓевски вели дека содржините добиени со помош на ВИ не треба автоматски да се преземаат и...
  • OpenAI притисна на кочница: Го паузира тренирањето на најновите модели по инцидентите со ВИ-агенти

    OpenAI го паузира тренирањето на своите најнови модели на вештачка интелигенција додека воведува дополнителни безбедносни механизми, откако серија ВИ-агенти извршувале неочекувани активности на владини и други веб-страници, а во најмалку 53 случаи фотографии од корисници на ChatGPT биле пренесени на други места. Одлуката претставува значително заострување на реакцијата на компанијата на проблемите што излегоа на виделина во последните денови. OpenAI претходно соопшти дека истражува десетици случаи на неочекувано однесување...