ВО ЕВРОПА И ПРЕКУ ПАРКИНГ ЗА ТРУДНИЦИ

  • Посебни паркинг места за трудници и за семејствата со деца до тригодишна возраст стратуваат во Скопје и Велес.
  • Хумани практики полека стасуваат и кај нас – на патот за Европа и преку парконг за возачи трудници и за возачи родители на мали деца.

Проектот на неколкуре министерства, факултетот зџа безбедност и Автомо сојузот на Македонија за почеток во Скиопје и во  Велес почнува реализација за обезбедување паркинг места за идните мајки и за родителите со деца до тригодишна возраст.

Веста го сврете вниманието на јавноста посебно поради фактот што ваквата потреба за резервирани парконг места за автомобили пред јавните установи, објектите на медицинските установи, рекреативните, спортските и трговските центри, е хумана потреба од посебно значење. Во земјава освен резервирани, посебно обележани паркинг места за автомобилите на  лицата со посебни потреби до неодамна не се ниту размислуваше за обезбедување паркинзи за бремените жени. Овој хуман европски ветер, еве заплиснува и кај нас.

Проектот насловен „Безбедни семејни паркинг зони“, опфаќа одбележување на паркинг места на локации во општините, а кои се наменети исклучиво за паркирање на трудници и мајки на деца до тригодинашна возраст. Проектот предвидува за почеток вакви паркинг локации за трудници и за родители со деца до три години да се обезбедат во неколку скопски општини и во општина Велес.

„Овој проект е наменет за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Со него навлегуваме во сржта на наједноставните, но неизмерно важни потреби на одредени категории наши сограѓани. Во овој случај тоа се бремените жени и семејствата со деца до тригодишна возраст за кои обезбедивме законски, но и реални услови за поставување соодветни паркинг места наменети исклучиво за нив“, изјави на промоцијата на проектот скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Бебето е добро заштитено во стомакот на мајката, па сепак, бремените  жени како учеснички во сообраќајот треба да бидат едуцирани како да се заштитат себеси и бебето од повреди.Во Скопје првите обележани паркинг места ќе бидат кај Клиниката за гинекологија и акушерство. Целта е да се подигне нивото на безбедност на трудниците како една од најзагрозените учесници во сообраќајот.

„Имајќи ја предвид состојбата со паркинг  места, особено во Скопје барањето  слободно место за паркирање понекогаш може да трае  и до петнаесетина или дваесетина минути. Тоа предизвикува сериозен стрес и потенцијална опасност за трудницата, а судирите на стопмакот со воланот  може да бидат високоризични и го изместуваат и фокусот на возачот. Затоа на бремената жена наместо да и се даваат совети дека е подобро  да не вози, задоволна сум што нудиме нови позитивни европски решенија за идните мајки“, потенцираше директорката на гениколошката клиника Викторија Јовановска на промоцијата на проектот.

Посебни места на паркинзите ќе бидат резервирани за бремени жени и возачи на автомобили во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст,  со поставување соодветни табли, а возилата  на тие категории граѓани ќе бидат обележани со налепници. За трудниците и возачите на децата ќе биде објавена и брошура со совети за однесување во сообраќајот со цел нивна поголема безбедност.

„Овие посебни паркинг места се утврдени на најповолните локации што им се потребни на овие граѓани. Пред здравствени установи, центри за пазарење, како и пред јавни објекти кои првенствено се наменети за најмладите. Водевме грижа овие паркинг просотори да бидат поставени и на најсоодветните места на паркиралиштата, односно при влез – излез локациите на самата паркинг зона, а тоа ќе овозможува полесно маневрирање на родителите или трудниците со своите возила“, изјави Шилегов.

Овој тип паркинг резервации за бремените жени и за родителите на деца до тригодишна возраст засега се лоцирани на повеќе постојни  паркиралишта во општините Центар, Чаир и во Велес, во станиците за технички преглед на АМСМ, но и во речиси дури дванаесет  за паркинг зони на Јавното претпријатие за паркиралишта. Скопсакиот градоначалник посочи и дека веќе се наменски обележани и во употреба на паркиралиштата на Клиничкиот центар, Клиниката за гинекологија и акушерство, болницата 8- ми с ептември и Зоолошката градина.

Деканот на Факулетот за безбедност Николла Дујовски вели дека е добро што активности на сите институции за безбедноста во сообраќајот има секојдневно, но и дека тие се недоволни. Тој посочи податоци од сообраќајниот билтен регистрирани за случени само во еден викенд: „21 сообраќајка, едно лице е починато, казнети се 148 возачи за пречекорување на брзината, 42-ца биле под дејство на алкохол, 45 без дозвола, 183 за погрешно паркирање. Затоа се потребни проекти како овој за безбедни семејни зони со кои се имплементираат и европските стандарди, а се во насока што поскоро да излеземе од последните места по безбедност во сообраќајот во Европа“, вели Дујовски.

И за Министерот на полицијата Оливер Спасовски, безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на ресорното Министерство: „Проектот „Безбедни семејни паркинг зони“ го заслужува должното институционално внимание. Полицијата, како и претходно, така и сега, е целосно отворена за соработка, за заедничко разгледување на сите идеи и предлози – како, кога, на кој начин ќе може сето тоа да се операционализира, а првенствено во интерес на нашите граѓани и подигањето на нивото на сообраќајна безбедност“, вели Спасовски.

За примена на проектот сега е нужно министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи да го изменат Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот. Доскорешниот Министер на министерството за Транспорт и врски Горан Сугарески појаснува: „Ќе се додаде нов знак во со форма и изглед со што сообраќајно ќе се обележи предвиденото место за  оваа група возачи. Очекуваме измените да завршат за еден до два месеца. Крајната цел е зголемена бебзендост за сите учесници во сообраќајот, особено за бремените жени“.

Секако, пожелно е сите општини активно да се вклучат во проектот преку промена на постојните правилници за сигнализација на патот. Со тоа не само што ќе се имплеметират европските трендови за зголемување на безбедноста во сообраќајот, туку тоа директно ќе влија и за намалување на бројот на жртвите во сообраќајот се со цел да се унапредуваат сообраќајната култура и навики.

Новиот министер за Транспорт и врски Благој Бочврски нагалсува дека е завршена одлична  работа: „Безбедноста во сообраќајот е нешто на што континуирано мора да работиме сите заеднички за да ја подигеме сообраќајната култура и свест, особено во услови кога бројот на возила е зголемен неколкукртано. Овој проект е од осбено значење бидејќи секој еден учесник во сообраќајот подденакво се третира. Но, на оваа група на сегашни и потенцијални мајки учесници во сообраќајот мора да им се обезбеди поголема сообраќајна безбедност и доволно простор за движење. Така покажуваме дека се грижиме за сите“.

Проектот „Безбедни семејни паркинг зони“, што во соработка со министерствата за внатрешни работи, Транспорт и врски, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Факултетот за безбедност и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство го промовираше Автомотосојузот на Македонија, е новина од европски модел.

Засега активностите главно се насочении во Скопје со оглед на најголемата фрекфенција на возила во главниот град на земјава каде што се и најголемите потреби за ваквипаркинг места. Но од АМС најавуваат дека интензивно ќе лобираат, засега и покрај општина Велес, паркинци за трудници иза родсители  со мали деца да се обезбедат и во сите други градови во земјава.Најавени се и Охрид, Битола, Тетово, Штип, Куманово. Инаку, активностите за проектот со кој се применува европската регулатива, се одвиваат со финансиска поддршка од Светската автомомобилистичка федерација.

Се на се`може да се констатира дека овој проект е многу важен ако се има во предвид дека до сега немаше посебно третирање на оваа група возачи. Сепак, безбедноста во сообраќајот е лична одговорност на секој поединец.

Автор: Бојан Симовски млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)