ГИ ПЛАЌАМЕ ЗА ДА НЕ` ЛАЖАТ

Неколку милиони евра пред секои избори, било парламентарни било локални, во последниве години се слеваат во партиските каси за потребите на нивните изборни кампањи. Не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари, пари на македонските даночни обврзници.

Институциите молчат зашто ним им е поважна сервилноста спрема партиите отколлку спрема граѓаните.

Дека политичките партии се генератор на могу неповолни ситуации во регулирање на државните и на општетсвените процеси се суди најчесто и преку реакциите на граѓаните. Испитувањата на јавното мислење во континуитет, а последниве години и реакциите преку социјалните мрежи потврдуваат дека македонските политички партии шрво се грижат за себе како мпо секоја цена да дојдат до власт или како да се прикачат на поголемите парртиски субјекти преку нив и тиое да бидат во власта.

Очигледно привилегиите што таа ги  пружа се основниот мотив некои граѓани да се решат за политика преку политичките партии. Еден од многу јасните индикатори дека политичките партии приоритет си се самите за себе е меѓупартискиот консенсус, меѓупартиската согласност на власта и опозицијата во зафаќањето од државниот буџет за свои лукративни потреби. Неколку милиони евра пред секои избори, било парламентарни било локални, во последниве години се слеваат во партиските каси за потребите на нивните изборни кампањи. Не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари, пари на македонските даночни обврзници.

Првиот приоритет на политичките партии си се тие самите за себе

Од буџетот на Република Северна Макееонија, од тоа купче народниу пари, од таа државна каса, во парртските џебови, само за овие што туку поминати локални иозбори, се слеаја неколку милонои евра. Ни помалку ни повеќе туку цели четири милиони  евра.

Локални избори 2021 година. Резултатот е скоро ист како во во 2017 година, само страните се изменети. Ако пред четири години поголемиот број на општини ги доби СДСМ, сега ВМРО-ДПМНЕ славеше победа.

Во такви услови при трошење на туѓи, на од партиите незаработени пари, партиите воопшто не штеделе на кампања. Само за реклами и пропаганда во медиуми се потрошени четири милиони евра пари од буџетот на државата.

СДСМ и коалицијата потрошиле нешто помалку од 1,2 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ еден милион. Натаму ДУИ со 750 илјади евра, па Алијанса на Албанците и Алтернатива со 600 илјади евра.

Од помалите партии најмногу потрошиле ЛДП и ДОМ со нивната коалиција Одлучно за промени и тоа 100 илјади евра, па Левица 91 илјада, Данела Арсовска како независна кандидатка 66 илјади евра, Беса 50 илјади, ДПА 24 илјади евра. Но

Телевизиски спотови, интернет реклами, билборди, …

При ова, едно од главните прашаеа но и негодубвања на јавноста е прашањето за целисходноста на опвој тип финансирање на партиитеи тоа дали воопшто овие пари се потрошиле наменски за промоција на партиските програми, за елаборации на ветувањата или онака, само за чиста пропаганда на политичките партии и на нивните најекспонирани и најфорсирани кандидати.

Драган Секуловски, директор на Здружението на новинарите на Македонија -ЗНМ:

„Не можам да разберам да се плаќаат кампањи, да се плаќаат билборди, да се плаќаат тв спотови, флаери и тн со цел да се оцрни политичкиот кандидат. Загрижувачки процент од тие он лајн медиуми што беа минатиот циклус вклучени во кампањата не беа дел од регистарот и тоа нас ни кажува дека политичките партии не ги интересира интегритеетот и професионалноста на медиумите туку гледаат да дадат сретства на медиуми кои и не се препознаени од самата јавност како такви да учествуваат во истите“.

Според народната: „Гавран на гавран очите не му ги вади“

Кога партиите трошат буџетски пари тогаш институциите кои  треба да се контролните механизми за трошењето на јавните пари се практично немоќни зашто според народната „врана на врана очите не му ги вади“. Партизираните институции не се во состојба да реагираат спроти своите партиски наредбодатели. На партиските извештаи за тоа како ги трошеле парите добиени од државата за изборни преставувања практично, или барем пошироката јавност е во тоа убедена, им се гледа низ прсти. Малкумина веруваат во веродостојноста на партиските извештаи. Црните пари и кешот не се пријавуваат, секако. Забелешки имаат и од Државната комисија за спречување на корупција:

Катица Николовска, членка на Државната комисија за спречување корупција – ДКСК:

„Моето искуство покажува дека вистинските приходи никогаш не се пријавуваат, дури ни вистинските трошоци. Ние законски немаме институции кои се надлежни да го следат работењето и контролата на политичките партии“.

Единствено Државниот завод за ревизија, врши годишна ревизија на финансиските извештаи на политичките партии, и на финансиските извештаи кои потекнуваат за време на изборните кампањи не постои друга институција која е задолжена да следи на кој начин политичките партии ги трошат парите од буџетот, а тоа се огромни сретства.

За постоење сомнителни, црни пари во кампањата за локалните избори, проговори и екс премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата вечерта кога завршија ланските локални избори и на која објави дека поднесува оставка и од премиерската и од лидерската во СДСМ.

„Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и заради економски причини. А дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите“. 

Еве што покажуваат извештаите за донациите на сметките за изборни кампањи:

ВМРО-ДПМНЕ за првите десет дена од изборната кампања пријавиле дека од трансакциската сметка префрлиле околу 50 илјади евра. Дополнително како донација се јавува компанијата Интекс АД Скопје со 5 илјади евра. Повисоки приходи од пријавени расходи има само кај Данела Арсовска. Таа за кампања од околу 150 донатори собрала околу 124 илјади евра.

Многу прашања, малку одговори

За разлика од нив, за првите десет дена од кампањата СДСМ не пријавила никакви приходи во финансискиот извештај. Предале празни формулари. Во коалицискиот извештај на СДСМ „Најдоброто за мојата општина“, 4 членови, Константин Георгиевски, Јордан Насев, Блаже Ужевски и Елена Георгиевска донирале заедно 7.500 евра. Во истиот извештај се евидентирани и 65 парични донации од околу 40 илјади евра. Фирми кои донирале за кампањата се РЕС-КОМ ДООЕЛ, ИТ-АЛ ЦАФЕ ГРУП и БИО КОНСТРАСН ДОО со вкупна вредност од околу 30 илјади евра.

Во првиот изборен круг само за реклами партиите потрошиле 40 пати повеќе пари одколку што пријавиле на сметката за донации.

Катица Николовска, членка на ДКСК:

„Многу малку учесници во избориве имаат пријавено приходи. Може да се десетина од нив“.

Ако тие обезбедуваат 90% од сретствата од буџетот, зошто да не се однесуваат како буџетски корисници, да имаат обврска за зголемена транспарентност пред сите надлежни органи па и пред јавноста? Многу прашања, малку одговори.

Александар Кржаловски, политички аналитичар и директор на МЦМС:

 „Системот ги прави партиите недопирливи. Партиите, вели тој, не се секираат што ќе се напише во извештаите на ревизорите или на останатите надлежни институции. Додека е таков систем и партиите не дозволуваат тој да се промени иако декларативно сите се за една изборна единица и отворени листи, ама еве осма година не се прави тоа бидејќи во принцип не им одговара тоа ни на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на ДУИ, и тоа најверојатно ќе остане така бидејќи го затвора коруптивниот циклус бидејќи не се дозволува да дојде до израз соодветна конкуренција заради таквите правила на игра, и заради тоа нема отчетност на партиите. Ниту се секираат што ќе напише Државниот завод за равизија, бидејќи нивните пратеници седат во Собранието, ниту се секураат што јавноста ќе каже освен еве вака кога ќе ги тресне јавноста на изборите. Ама тоа е еднаш во 4 години и тоа не ги решава проблемите. И кога ќе се смени пак очигледно другите не ги учат лекциите. Си викаат подобро ќе издржиме 4 години во опозиција, после ние ќе бидеме, и тоа така функционира за жал и не гледам решение додека нема коренити промени во самите партии од статутите натаму или додека не се направи компетитивен системот на избори“.

Меѓу генераторите на корупцијата се и политичките партии

Д-р Магнус Охман, експерт за избори од меѓународната Фондација за изборни системи од Прага, за СКУП:

„Политичките партии прават многу пропусти во финансирањето и трошењето на парите. Најголем дел од земјите, најголем дел од парите се користат за изборни кампањи, некогаш тоа не е дозволено, но да бидам искрен, еднаш кога ќе ги финансираш политичките партии тие ќе најдат начин да ги употребат како што им требаат“.

Александар Кржаловски, политички аналитичар и директор на МЦМС:

„Не за џабе индексот на корупција го покажува тоа што е, дека сме 111 место и веројатно и пак ќе паднеме уште за оваа година. И сметам дека не е проблем само на власта, дури и избориве покажаа и парламентарните и овие дека довербата во партиите и понатаму драматично опаѓа минатата година имаше 250.000 гласови помалку на претходните парламентарни избори, иако ВМРО-ДПМНЕ изгледаа како победник на овие избори и тие имаат помалку гласови од кога беа потопени на претходните избори. Само ја рефлектира реалноста дека граѓаните се помалку имаат доверба во водечките партии и веројатно тоа со ненаменската употреба на средствата придонесува кон тоа“.

Кај ДУИ пријавиле само 700 евра на партиската изборна сметка, и тоа префрлени од партиската сметка. Кај коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива пријавиле околу 35.000 евра во првите 10 дена од кампањата.

Ваквите парадокси во финансирањето и трошењето на буџетските пари се забележани и од Здружението на новинари:

Драган Секуловски, директор на ЗНМ

„Ова е трет пат како со консензус сите политички партии не разочаруваат со својот однос бидејќи, тоа законско решение што беше на некој начин интегрирано во изборниот законик, да постои политичката платена програма и да се прошири кон он лајн сферата овој пат гледаме една иста реприза како што ја гледавме претходните изборни циклуси. Со средства што се платени од самите граѓани се плаќа партиска пропаганда каде што партискиот интерес ретко е запазен. И кога станува збори за он лајн медиумите имаме сомнителни медиуми кои дел од нив не ни постоеја до скоро време, сега се појавуваат како некои субјекти кои се дел од платената политичка програма, и шират информации кон граѓаните за кого да гласаат или за кого да не гласаат“. 

На партиите им годи, граѓаните незадоволни, институциите молчат

Проблемите во Северна Македонија потекнуваат од начинот на функционирање на политичките партии:

Александар Кржаловски, директор на МЦМС:

„Тоа е таа врска што потекнува од статутите на партиите, па се пренесува во медиокритетското членство во лојалноста кон лидерите, борбата да се земе власта, власта потоа се употребува за коруптивни зделки, да се финансира назад тоа или да се збогати лично и за жал тоне државата, но за жал на никој да не му е гајле од политичарите“.

Ете, тоа се актуелните состојби со финасирањето на политичките партии за време на изборите. Граѓаните незадоволни што политиката непродуктивно ги троши нивните пари. Партиите се задоволни зашто тоа им годи, им ја олеснува маката за трчање по донации. Институциите молчат зашто ним им е поважна сервилноста спрема партиите отколлку спрема граѓаните.

На темата, на репортерското прашање, граѓанин изјави: „Ги плаќаме за да не лажат“

Автори: Дарин Поповски и Виктор Иваноски – млади новинари, волонтери во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

                                                                       

Оставете коментар

коментар(и)