ДИВИ ГРАДБИ – ДИВА ДРЖАВА

Езерото е дар од бога, а Охрид е обрска од цивилизациското наследство. Оставено ни е нам, на денешните генерации, да ги чуваме и негуваме.

Најголем број бесправно изградени објекти и тоа 98.4 %, се во приватна сопственост.

Насловот на оваа новинарска приказна е мошне груб зашто се однесува на мојата, на ваѓата, на наѓшатадржава. Но стварносдта е сурова. Моѓеме одвреме навреме да ја зашминкаме, но под тенкииот слој на шминката сепак ќе излезе стварнотса. Убавото или грдотолице на стварнота. Кога се говори за дивоградби секогаш тоа се однесува на грдото лице. Кога се зборува за Охрид, тој бисер македонски, тогаш грдото е толку грдо што не ќе моѓе да го покрие ниту една шминка освен конечно ставањето ред на охридската  урбаницација, на градот на УНЕСКО.

Но, каква е сега стварностра? Одоворот на ова прашање во еден дел, само во еден мал дел е содржан и во оваа сторија за СКУП центар  за истражувачко новинартство. Новинарската екипа на оваа тема згазна и на охридското Унесково крајбрежје.

Охрид, градот на светлината, бисерот на Македонија.

УНЕСКО има напишано дека како природно и културно богатство градот е суперлативна природна појава, а Охридското Езеро старо 2 до 3 милиони години обезбедува засолниште на над двесте ендемски био видови растениј.

„Сместен на брегот на езерото градот Охрид е една од најстарите населби во Европа. Изграден главно помеѓу  VII и XIX век.  Во градот е и најстариот словенски манастир Св. Пантелејмон. Во охридските цркци се сместени над осумстотини икони во византиски стил кои датираат од XI do XIV. Остатоците од наколните живеалишта збориваат за староста на охридската човечка цивилизација.

Охрид, градот на УНЕСКО, денес се „гордее“ со дваесетина илјади дивоградби.

Но тоа е историја. И наша и светска. Езерото е дар од бога, а Охрид е обрска од цивилизациското наследство. Оставено ни е нам, на денешните генерации, да ги чуваме и негуваме. Но, што ние всушност правиме или дозволуваме да им биде правено и на езероито и посебно на градот Охрид?

Човековата лакомост ги нападна и езерото и градот. И крајбрежјето и копненото културно наследсво. Охрид, градот на УНЕСКО, денес се „гордее“ со дваесетина илјади дивоградби. Прерд очите на целата јавност, пред одгворните надлежни институции и функционери, над светското културно и природно наследство, се случуваат дивоградби.

Од вкупниот број објекти, 416 се во крајбрежниот појас.

Според податоците од општина Охрид, заклучно со месец мај, 2020 година, во градот се регистрирани 19.935 спорни градби. Од нив за 15.939 се поднесени барања за легализација. Од тие 19.935 објекти 5.806 барања се одобрени, 2.544 не се одбиени, а 11.585 се во процедура.

Од вкупниот број објекти, 416 се во крајбрежниот појас и од овие барања за легализација, 13 се одбиени, 43 се одобрени, додека за 360 чекаат одлука.

Не е порозова состојбата и на планината Галичица. Националниот ппарк кој ги дели двете езера, двата водени македонски бисери, Охридското и Преспанското езеро,

Во Националниот парк Галичица се наоѓаат 2.347 објекти од кои 36 се одбиени, 437 одобрени, а 1.847 чекаат на легализација. Овие објекти се голема закана за самото заштитено подрачје на Охрид, а минатата година постоеше опасност УНЕСКО да и го одземе статусот од листата на светското културно наследство.

Д-р  Здравко Крстановски, поранешен директор на хидробиолошкиот завод во Охрид за СКУП вели:

„Како негативна последица е тропогеното на човекот, кој патем речено е дел на природата меѓутоа тој посебно го истакнуваме бидејќи тој не ги почитува природните законитости, и во тој контекст се и дивоградбите. Ако почнуваат на крајбрежјето да се градат вакви и такви, поголеми и помали објекти, каде не е решена инфраструктурата со тој објект, со отпадоците, со фекалната вода и ако сето тоа и ако сето тоа влегува во езерото, сето тоа ќе допринесе катастрофално со негативни последици за севкупниот жив свет на Охридското езеро. Дивоградбите прават многу поголеми штети и тие влијаат не само на нарушување на изгледот на градот туку и на природните воздушни струења“.

Преку таквите изградени објекти, додава Крсановски, сеедно е дали тие ќе се диви или ќе бидат озаконети, ако не се во согласност со природните законитости и ако го спречуваат контактот на Езеро со град, тогаш тие не му користат на градот. Тие како бариера го спречуваат движењето на воздушните маси од езерото кон градот и обратно и затоа ипоради се погустиот сообраќај, доаѓа до предвидливото задушување.

И градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски не негира дека крајбрежјето и градот се поприлично загрозени од нелегалните урбани дивеења. Но и дека е недозволиво, кога има ситуација една третина од територијата на општината да е под јуриздикција на Државниот градежен инспекторат, во локалната самоуправа тие да немаат своја канцеларија во Охрид. Општинските инспектори, по увидот што го прават, испраќаат записник во  Скопје но, во таква преписка, целата активност е тромава и нефункционална. Затоа, додава тој, потребна е поинаква поставеност на работите.

Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид:

„Ние како општина правиме максимални напори да се избориме со тој проблем, меѓутоа, факт е дека потребна е соработка од Пазарна инспекција, Управата за јавни приходи и, пред се, од Државен градежен инспекторат затоа што една третина од територијата на општина Охрид е под јуриздикција на Министерство за транспорт и врски. Во стар град зона А, во старото градско јадро, одобренија за градба издава Министерот за транспорт и врски, а не јас и општината“.

Но , министерот Благој Бочварски пак, топката ја враќа на локалната власт:

„За проблемот со дивоградбите во Охрид локалната самоуправа веќе работи на решавање на тој проблем, тоа е процес кој што трае, мене ми е драго што процесот е започнат и што навистина има желба и волја од локалната самоуправа и од градоначалникот, овие проблеми да се решаваат и да не дозволиме да го загрозиме приматот на Охрид, градот на УНЕСКО. Имав и средба со градоначалникот на Охрид и продолжуваме во насока на взаемна корелација и поддршка за решавање на сите проблеми“.

Дивоградбите се голем проблем и во другите општини.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тврди дека општините немаат целосни ингеренции над дивоградбите. И тој повикува на агилност на институциите. Значи, топката и натаму се префрла наваму натаму.

Петре Шилегов,градоначалник на Скопје:

„Градот нема ингеренции за дивоградбите. Тоа неколку пати го напоменувам, за жал нема ингеренции на дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територија на целиот град, јас само повикувам сите институции да си ја работиме својата работа во рамките на своите обврски кои што ги имаме“.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2019 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 866 бесправно изградени објекти.

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски:

„Апелирав и ќе апелирам уште еднаш сите градоначалници да ги преземат своите ингеренции во насока на ставање на ред во урбаните средини и секако ставање ред за да не ни се случува еден ваков урбан хаос а ние преку законските регулативи и легислативи кои што ќе ги носиме во иднина ќе придонесеме за да направиме еден силен фронт во борба против ваквите појави кои што ги има во државата“.

Според видот на објектот, нелегално се изградени 160 објекти за домување (18.5 %), 94 доградби, надградби и адаптации (10.9 %), 55 деловни објекти (6.4 %), 64 гаражи (7.4 %), 196 огради (22.6 %), 14 скалила (1.6 %), 27 тераси (3.1 %), 46 летни тераси (5.3 %), 92 настрешници (10.6 %), 14 времени објекти (1.6 %) и 104 помошни објекти (12.0 %).

Најголем број бесправно изградени објекти и тоа 98.4 %, се во приватна сопственост.

Само во Скопје во минатата година вкупно биле изградени 153 дивоградби од различни видови на објекти. Според бројот на дивоградби следува Кавадарци со 85, потоа Струмица со 73, Штип 64, потоа следува Охрид со 59, Куманово 53, Струга 46 и така натаму.

Дивоградбитер се рак рана во земјава. Законот за легализација на дивоградбите, неговите постојани измени и адаптирања за потребите на легализацоија на дивоградбите каде што е тоа можно и каде не го загрозува јавниот интерес во сите аспекти, посебно статусот на УНЕСКО за Охрид, е многу важен.

Че се прави ли Република македонија со дивоградбите, ќе го прави ли тоа напоредносо аплицирањето за ЕУ, останува времето наскоро тоа да гопотврди или да гонегира. Доколку не успее, на државта ќе и останбе атрибутот од насловот на оваа новинарска приказна: Диви градби – дива држава.

Автор: Кристина Шеќероска – млад новинар, волунтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Оставете коментар

коментар(и)