КАДЕ ШТО ИМА ЧАД ИМА И ОГАН – ДУРИ И АНТИКОВИД -ВАКЦИНИТЕ ТЕМА ЗА АФЕРА

                                    

Излегува дека секогаш кога за нешто треба интервентни и во поголем обем државни, буџетски пари, кај нас не е можно без сомнежи, па и дури и без афери. Дури и во корона периодов и дури и кога се работа за здравјето на луѓето.

Се уште е преголемата концентрација на политичка моќ кај поединци на неприкосновени позоции како што се тоа министерските месата.

Како резултат на неснаоѓање или пак не некои поинакви интереси, а поради доцната набавка на вакцините, според процентот на имунизирани граѓани, Република Северна Македонија е на дното на Европа. На ниво на Западен Балкан, земјава е на 4-то со само 12 проценти граѓани кои примиле најмалку една доза антоиковид вакцина. Зад нас се само Босна и Херцеговина и Косово. Далеку напред се Србија, но и Албанија и Црна Гора.

Владата не успеа да стигне брзо до посакуваните вакцини од западните производители, како „Фајзер“, „Модерна“ или „Астра Зенека“. По неуспешните обиди за договор преку Рвропската Унија, земјата се сврте кон Кина која стана најголемиот светски снабдувач со вакцини. Од вкупно 1.6 милиони дози планирани во Националниот план за имунизирање, околу половина се кинески купени преку директни преговори. Останатите се добиваат преку КОВАКС меканизмот на ЕУ.

Освен алчноста на богатите земји и таканаречениот „ваксинален национализам“, како причина за доцнењето на вакцините кај нас, се споменуваат и обиди за профит при нивните набавки преку посредници, а не директно од производителите на вакцините. Барем така обвини опозицијата:

Во името на партијата, Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ:

„Имаме документ кој докажува дека Венко Филипче извршил уплата на аванс од 7.800.000 американски долари на фантом фирмата од Хонг Конг – „Стабри Интернешенал“. Парите биле уплатени и се легнати на сметката на фантом фирмата, а овој документ е доказ за тоа. Не држат тезите на ДКСК кои очигледно се ставаат во одбрана на Филипче дека не бил уплатен аванс, туку дадена гаранција. Првичните документи кои излегоа покажаа дека вкупната сума за 200.000 вакцини се движела околу 12.500.000 долари, што е цена од 62.5 долари по една вакцина. И тоа кога земјите од регионот и од светот ја купуваат истата вакцина за 30 долари односно за двојно помалку од тоа“.

Документот со кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека министерот за здравство Венко Филипче сакал да набави вакцини по дупло повисоки цени, е всушност уплата за резервација на вакцините, велат од Антикорупциска комисија. Оттаму додаваат дека овој документ веќе го добиле од Народната банка и дека преку фирмата Стабри Интернешнел била извршената уплата од 7 милиони и 800 илјади долари, но дека за целосен извештај за овој случај наскоро ќе известат.

Горан Трпеновски од ДКСК:

„Министерството нема исплатено аванс на правно лице за купување на кинески вакцини туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име на гаранција со цел да се изврши резервација на целокупната количина од 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина. Владата во координација со Владата на Кина преку кинеската амбасада во Македонија по разговорите одлучила да ги прекине започнатите активности и ги побарала назад уплатените средства. Односно парите кои што биле префрлени на Стабри вратени се назад и нема извршено значи никаква исплата“.

Обвинувањата дека кинеските вакцини се со двојно повисоки цени засега остануваат непроверени поради фактот што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори со компаниите производители на антиковид вакцонии.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сите документи во врска со оваа набавка е објавено на интернет сајтот „Отворени финансии“, а се бара начин и да се декласифицираат документите на кои кинеските производители инсистира на тајност:

Венко Филипче: Целокупниот овој процес изминатиов период што го тераат како политичка агенда се темели на ширење на лажни вести. Сите работи се кажани и се објавени јавно. Во однос на декласификацијата го проверуваме начинот и на крај во соодветна процедура ќе се декласифицираат документите за јасно и тој дел се обзнани“.

Премиерот Зоран Заев кој се вакцинираше токму со вакцините на производителот од Кина „Синофарм“, потврди дека се правени обиди преку уплати на гаранции да се обезбедат вакцините, но ги отфрла обвинувањата дека цените на вакцините биле дупло повисоки. И тој најави постапка за декласификација на документите, откако рече дека за цената од кинеските производители се обврзани на тајност.

Зоран Заев: „Цените се познати за сите во светот кои ги набавуваат, сите други останати  држави и на европскиот континент и во соседството и во светот, тие се истите цени и кај нас. Ако  постои механизам за декласификација ние ќе го направиме тоа како Влада, односно соодветните институции, за да може министерот за здравство да ги објави сите детали. Дури и сите обиди за гаранции издадени“.

Ниту во соседна Србија не е познато колку чинат вакцините. Единствено претседателот Александар Вучиќ изјави дека кинеската „Синофарм“ била најскапа во однос на другите. Според доктор Бојан Тркуља од Здружението за иновативни лекови ИНОВИА цената зависи од тоа од кој производител потекнува.

Д-р Бојан Тркуља:

„Она што досега успеавме да видиме е дека цената варира, од најниската отприлика па до најскапата која е околку 20-ина евра по доза. Таа разлика во цена е врзана пред се за различниот механизам на една вакцина, значи не е едноставно да се синтетизира секоја вакцина на ист начин, а освен тоа зависи и од самиот производен процес на компанијата“.

Засега единствена земја која објавила воопшто цени на вакцини е Унгарија. Според тамошните извори кинеската „Синофарм“ е со цена од 63 евра за две дози, додека за истиот обем руската „Спутник В“ е чини 17 евра.

Скандалот со кинеските вакцини пукна на крајот на минатата година. Според информациите на СКУП, од лекарски кругови, наш научник кој работи во Кина испратил допис до Министерството за здравство во кој се понудил да ги поврзе нашето Министерство со Министерството за надворешни работи на Кина, кое е единствено надлежно за извозот на кинеските вакцини. На тој допис на нашинецот од Министерството за здравство не одговорил никој. Наместо тоа, фантом фирма од Хонг Конг побарала вакцини од Кинеските производители за Македонија. Ваквата постапка не им се допаднала на кинеските власти и на крајот на 2020 година ги прекинале контактите со фирмата од Хонг Конг.

Дека Македонија целосно потфрли во набавката на вакцините, потврди и претседателот Стево Пендаровски:

Верувам дека го пренесувам чувството на огромното мнозинство македонски граѓани кои се незадоволни од она што на тој план го направивме досега. Сликите кои ги гледавме во соседна Србија тоа најдобро го илустрираат. Такви слики едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија се разбира, но тоа беше срам за државата наша. Едноставно државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука“.

Излегува дека секогаш кога за нешто треба интервентни и во поголем обем државни, буџетски пари, кај нас не е можно без сомнежи, па и дури и без афери. Дури и во корона периодов и дури и кога се работа за здравјето на луѓето.

Секако дека ова не би се случувало доколку институциите работат согласно нивните надлежности. Но се уште е преголемата концентрација на политичка моќ кај поединци на неприкосновени позоции како што се тоа министерските месата.                   

Автор: Дарин Поповски-млад новинар, волонтер во институционалниот проект на СКУП во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Оставете коментар

коментар(и)