По долги години „перде на очите„, беше најавена „операција“ во облик на веб алатка за отчетност на носителите на јавните функции. Оваа алатка од 2017 до 2019 ги покажуваше трошоците направени од страна на министерствата, трошоците на функционерите и типот на трошоци кои тие ги правеле. Алатката дава детален приказ за тоа колку е потрошено на угостителски услуги дома и во странство, колку на хотелско сместувње, на авионски карти и слично. Но, цела 2020 година алатката не беше ажурирана.