О Г Л А С за пријавување на практиканти/волонтери од областа на новинарството

Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, има потреба од тројца практиканти/волонтери од областа на новинарството ( пишување на информативни содржини, вести, извештаи, стории, колумни и сл.)

Огласот ќе трае во период од 09.07.2020-31.07.2020 година.

Пријавените кандидати треба да имаат завршено најмалку средно образование- ССС или факултет-ВСС, а предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено студии по новинарство, или се уште студираат во наведената област.

-За волонтерската работа ќе се обезбеди соодветен надомест.

Ги молиме сите заинтересирани кандидати, своите апликации во форма на кратка биографија ( CV ) да ги доставите на следниов e-mail: scoop.macedonia@gmail.com

Оставете коментар

коментар(и)