Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница

Здружение Ромски деловен информативен центар во Македонија (ЗРДИЦМ),ја продолжи следната фаза во реализација на проектот „Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница„.

Таа предвидува видливост кој е и целта на овој проект.Реализирани се интервјуа со поранешни осуденици Роми, како и разговори со дел од луѓето кој преку своите здруженија и асоцијации се борат заз заштита на човековите права со таргет Ромската заедница.

Целта на проектот е да се детектираат проблемите во македонските казнени поправни установи како и перцепцијата со ммито и корупција.

Во самите свои искази дел од осудениците  – Роми го потенцираат и тој момент дека во македонските затвори е присутине тој момент.

Исто така на таа тема и свое образложение и забелешки даде и Шенај Османов – Директор на Асоцијацијата за заштита на човековите права на Ромите од Штип.

Тој наведува дека има случаи на мито и корупција во затворските институции и дека тоа го тврдат и самите некогашни осуденици кој го наведуваат во своите искази.

Тоа подразбира дека и самите лично или индиректно (биле сведоци) на тие појави.

Во тие рамки и се подготвува еден филмски документ токму на таа тема каде со свои искази, примери, како и превземање на адекватни чекори ќе има повеќе соговорници .

Тоа  е согледано исто така и во Прашалникот кој има за цел да се добијат информации за нивото на препознавање на проблемите од страна на осудените лица, вклучително и на припадниците на помалите етнички заедници во КПД Идризово, КПЈ Затвор Скопје и КПД Штип, врз 20 испитаници од секој затвор поединечно.

Проектот е поддржан од СКУП Македонија во рамките на акцијата „Заедно во борба против корупцијата“ финансирана од Европската унија. Институтот за човекови права и Центарот за развој на медиумите на заедниците „Медиум“ се партнери во оваа акција.

Оставете коментар

коментар(и)