Се подготвува петтиот Истражувачки филмски фестивал

Во моментов ПИНА работи на неколку проекти поврзани со новинарството, медиумската писменост како и едукацијата на млади новинари. Веќе ги започнавме подготовките за петтото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје кој во октомври ќе се одржи по петти пат во Скопје. Работиме на изготвување на интересна програма која опфаќа важни дискусии, говорници и работилници за новинарството, како и на филмската програма која секоја година може да се погледне на фестивалот. Освен активностите за фестивалот, соработуваме и со Мрежата на млади новинари, каде учествуваме во менторските процеси кои се дел од едукацијата на младите новинари што учествуваат во мрежата. Заедно со нив, даваме поддршка во изработката на медиумски производи, како и менторска поддршка. Во подготовки сме и за нови активности поврзани со темите важни за жените новинарки, како и можности за развој на медиумски содржини, кои ќе бидат промовирани наскоро.

Оставете коментар

коментар(и)