Тренинг на новинари за известување за животната околина

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, го организираше првиот тренинг на новинарите за известување на проблемите со заштитат на животна средина. Тренингот е организран во рамките на проектот „Овозможување подобра животна средина за сите“ финасиран од Jornalismfund од Брисел.

За проблематиката со загадувањетона воздухот, почвата и во дата зборуваше експерот Иванка Зивосовска, која се задржа на разните аспекти од оваа проблематика. Искра Стојанова, експерт, кој работи за програмата на ООН со седиште во Виена, зборуваше за истата проблематика и на регионално ниво. Таа е првиот македонски стажант на Европската агенција за железници, лоцирана во Франција. Во моментот работи како координатор на проекти за Западен Балкан во Програмата на Обединети Нации за животна средина, Канцеларија во Виена.

Долгогодишниот новинар Бардуљ Заими, зборуваше за начините како да се известува за оваа проблематика

Овој тренинг е развиен со поддршка на грантовите за професионален развој на Journalismfund.eu за еколошко новинарство.

Оставете коментар

коментар(и)